Јун 2, 2009

Анчелоти е новиот стратег на Челзи

Карло Анчелоти стана нов стратег на клубот од Стемфорд Бриџ само еден ден откако се раздели од својот Милан во кој беше од 2001-та година.Во неделата попладне со Милан ја победи Фиорентина, во понеделник наутро веќе стана тренер на челси. Така изгледа животот и кариерата на карло Анчелоти кој од еден гигант се пресели во друг. И не му е до одмор и покрај тоа што во Милан работеше осум сезони во низа. „Клупата на Челси на 1-ви јули ќе ја превземе 49-годишниот Карло Анчелоти. Тој ќе потпише тригодишен договор“, беше објавено од лондонскиот клуб.Челните луѓе на Челси сакаа да го задржат Гус Хи…

Јун 1, 2009

Леонардо, нов тренер на Милан

По победата од 2-0 во Фиренца тренерот на Милан, Карло Анчелоти, најави дека си заминува од италијанскиот фудбалски гигант. Веднаш после тоа потпреседателот Адиано Галијани објави дека Леонардо е новиот тренер на Милан.“Тоа ќе биде Леонардо, ќе го преставиме утре попладне.“- изјави Галијани за RAI.Анчелоти не сакаше да потврди дали заминува во Лондон да биде менаџер на Челзи како што и се очекува. Карлито дојде на Сан Сиро 2001 година и оттогаш има освоено, две титули ЛШ и една титула првак на Италија. {loadposition content9}

Јун 1, 2009

Бордо нов француски фудбалски шампион

Со победата од 1:0 на гостувањето кај Каен фудбалерите на Бордо го освоија првото место во Франција и со тоа ја прекинаа серија титули на Лион.За „Жирординците“ ова е шестта титула во клупската историја. Покрај Бордо во Лигата на шампионите ќе игра и второпласираниот Марсеј, а третиот Лион ќе настапи во квалификациите на ЛШ. Во Лигата на Европа ќе играат Тулуз и Лил. Лигата ја напуштаат: Каен, Нант и Авр.Резултати во 38-то коло: Каен – Бордо 0:1,Гренобл – Сошо 0:1, Лил – Нанси 3:2, Лориен – Ле Ман 1:1, Марсеј – Рен 4:0, Нант – Оксер 2:1, Ница – Авр 0:0, ПСЖ – Монако 0:0, Сент Етиен – Валенс…

Мај 30, 2009

Недвед останува во Јувентус

Чешкиот ветеран кој игра во Јувентус, 37-годишниот Павел Недвед, сепак нема да ја прекине својата кариера. Тој сака да одигра уште една сезона. Според официјалните информации од Јувентус, управата на клубот го предомислила стариот лисец дека им е потребен уште една година. Со тоа тој ќе го продолжи договорот со старата дама за уште едно лето во кое би земал по 1.7 милиони евра и повторно ќе добие прилика да се бори за европската шампионска титула што му е неостварена желба на Недвед. По елиминацијата од Челзи во осмина финалето од Лигата на Шампионите оваа година, Недвед најави повлекување …

Мај 30, 2009

Коби ги однесе езерџиите во финале!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс победија во шестиот натпревар од финалето во Западната Конференција против Нагетс во Денвер со 119-92 што значеше четврта победа во се серијата подобар од 7 и се пласираа во големото финале од НБА лигата.Во финалето ќе се сретнат со Орландо Меџик или Кливленд Кавалирс, кој шестиот натпревар го играат вечерва а моменталниот резултат е 3-2 за Орландо. Коби беше предводник на брејкот кој значеше триумф, постигна 35 поени а имаше и 10 асистенции, Пол Гасол и Ламар Одом додадоа по 20 поени а тревор Ариз 17 за убедливата победа на гостите од Лос Анѓелес, вкупнио…

Мај 29, 2009

Макс Мозли е оптимист

Макс Мозли изрази волја да се постигне компромис околу неговиот план за воведување буџетско ограничување за тимовите, но само ако истовремено им се овозможи на новите и на малите екипи да се натпреваруваат со големите. Асоцијацијата на тимовите во Формула 1 (ФОТА) во средата уште еднаш се состана за да продискутира за својот став против правилата за 2010 во пресрет на денешниот краен рок за доставување пријави за учество во Светскиот шампионат в година. Според извештаите во британскиот печат, компромисот би можел да биде буџетски лимит од сто милиони евра и еден сет правила за сите тимови.„…

Мај 29, 2009

Крвава прослава на победата на Барса во Нигерија

Навивач на Манчестер јунајтед, синоќа, со своето возило во нигерискиот град Огбо усмрти четворица навивачи на Барселона, а настанот се случи по завршувањето на финалниот натпревар од Лигата на шампиони  во кој англискиот шампион во Рим беше поразен со 2:0 од каталонскиот првак, пренесоа локалните медиуми.Како што наведуваат очевидци на настанот, гневниот навивач со минибус „влетал“ во привзрениците на екипата на Гвардиола, кои на улица ја прославувале победата и освојувањето на шампионскииот пехар на Барселона.Полициски извори соопштија дека возачот е веднаш уапсен и дека, покрај жртвите, в…

Мај 28, 2009

Трета титула Европски шампион за Барселона

Фудбалерите на Барселона во синоќешното финале на „Олимпико“ во Рим го совладаа големиот ривал и досегашен првак во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед со 2:0. Ова е трета титула по 1992 и 2006 година за Каталонците во ова натпреварување остварена во шестото финале. Со сигурна игра и доминација речиси во текот на целиот натпревар Барселона до пехарот стигна со головите на Ето во 10-тата минута и на Меси во 70-тата минута. Тоа беше 9-ти гол на Аргентинецот оваа сезона со што го доби епитетот најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Со тоа е прекината серијата од 25 натпревари без пораз…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top