Коби ги однесе езерџиите во финале!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс победија во шестиот натпревар од финалето во Западната Конференција против Нагетс во Денвер со 119-92 што значеше четврта победа во се серијата подобар од 7 и се пласираа во големото финале од НБА лигата.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс победија во шестиот натпревар од финалето во Западната Конференција против Нагетс во Денвер со 119-92 што значеше четврта победа во се серијата подобар од 7 и се пласираа во големото финале од НБА лигата.

Kobi BrajanВо финалето ќе се сретнат со Орландо Меџик или Кливленд Кавалирс, кој шестиот натпревар го играат вечерва а моменталниот резултат е 3-2 за Орландо.
Коби беше предводник на брејкот кој значеше триумф, постигна 35 поени а имаше и 10 асистенции, Пол Гасол и Ламар Одом додадоа по 20 поени а тревор Ариз 17 за убедливата победа на гостите од Лос Анѓелес, вкупниот процент на шут од поле изнесува неверојатни 57,3 проценти.
Најголем отпор на гостите им пружи Кармело Ентони кој постигна 25 поени а Смит 24 Џонси Билапс беше запрен на десет коша и девет асистенции.
Лејкерси се пласираа во рекордното 20. финале во НБА лигата и ќе се борат за 15. наслов во клубската историја. Доколку во финалето се сретнат со Орландо, езерџиите ќе ја имаат предноста на домашниот терен.
„Најдоброто го сочувавме за крај. Бевме расположени за игра од првата до последната минута“, изјави тренерот на Лејкерси, Фил Џексон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top