Јун 22, 2009

Државното првенство во гаѓaње со воздушна пушка

Манифестацијата помина во знакот на Охриѓани. Нов државен првак во екипна конкуренција пионерките со резултат од 497 круга.На стрелиштето Бејбунар се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушна пушка-сериска. Настанот официјално го отвори Градоначалникот  Александар Петрески испукувајќи една дијабола која успешно  заврши во целта. Првенството помина во знак на Охриѓани. Нов државен првак во екипна конкуренција се пионерките во состав    : Балабан Нина, Гоџоска Верица и Нестороска Емилија со резултат од 497 круга. И во поединечна конкуренција Нина Балабан го превзеде приматот.Пионерите в…

Јун 22, 2009

Ред Бул триумфира на Силеврстоун

Беспрекорното возење на Себастијан Фетел од пол-позицијата до целта во трката за Големата награда на Велика Британија му донесе еден-два победа на Ред бул во Силверстоун во веројатно последниот натпревар во Формула 1 на оваа патека пред селидбата в година во Донингтон Парк. Зад Германецот заврши тимскиот колега Марк Вебер од Австралија, кој во првиот дел од трката заостана зад Фетел поради тоа што беше забавуван од Рубенс Барикело од Браун, кој на крајот го освои третото место. Вебер го престигна Барикело по првата серија влегувања во боксот, но не можеше да ја загрози втората победа на Фет…

Јун 22, 2009

Владимир Кличко, непобедлив?

Украинецот Владимир Кличко ја одбрани својата титула светски шампион во тешка категорија, нанесувајќи му го првиот пораз на Узбекистанецот Руслан Чагаев со технички нокаут во деветтата рунда од мечот во Гелзенкирхен. Кличко (33) ги зачува своите шампионски појаси во ИБФ, во ИБО и во ВБО кога судијата ја запре борбата пред почетокот на десеттата рунда пред 61.000 гледачи поради крварењето на претендентот за ВБА-титулата од големата расекотина околу неговото лево око.Чагаев (30), кој не се соочи со ВБА-шампионот Николај Валуев од Русија откако мечот предвиден за крајот на минатиот месец беше …

Јун 20, 2009

Свински грип во хрватскиот „Динамо“

Иако фудбалскиот клуб „Динамо“ вчера ја демантираше информацијата дека нивниот фудбалер Педро Моралес во Чиле заболел од свински грип, самиот фудбалер за тамошните медиуми призна дека се заразил со вирусот Х1Н1.Интернационалецот Моралес за весникот „Ла Терцера“ ја потврди болеста.„Докторот ми потврди дека го носам вирусот Х1Н1, но вели дека не е опасен. Рано ја откривме болеста, па со помош на лечењето ќе бидам добро. Сепак се исплашив кога ја слушнав веста“, призна Моралес.Тој објасни дека на почетокот од оваа седмица неговата телесна температура се искачила на 38,5 степени поради што ведн…

Јун 20, 2009

Од 2010 година две натпреварувања во Формула 1

Осум екипи, членки на здружението на тимови од Формула 1  (ФОТА) од следната сезона ќе ја напуштат Формула 1 и ќе формираат сопствено првенство.  Конечната одлука за преземање на ваков чекор ФОТА ја донесе денеска, по состанокот со челните луѓе на Меѓународната автомобилска асоцијација (ФИА) и претседателот за комерцијалните права за натпреварите Берни Екелстон. – Стана јасно дека повеќе не можеме да правиме компромиси околу фундаменталните вредности на овој спорт и затоа одбивме да се пријавиме за трките во Формула 1 следната сезона. Не ни преостанува ништо друго освен да формираме сопстве…

Јун 19, 2009

Слаба посетеност на Купот на конфедерации

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер по првото коло на Купот на конфедерациите во Јужна Африка, изјави дека е гневен што најголемиот фудбалски настан во предмундијалската година е слабо посетен.Пред два дена, тој на локалниот организациски комитет му порача да ги дели билетите на ученици, со цел, осумте селекции да не играат пред празни трибини. ФИФА ги стави организаторите под силен притисок за да ги доведат гледачите на трибини. – Навистина сме фокусирани во соработката со локалните организатори во начинот на привлекување на луѓето на трибините. Ова е најваже…

Јун 19, 2009

Три холанѓани во Милан

Седумкратниот европски шампион Милан е заинтересиран за холандското репрезентативно трио Весли Снијдер, Рафаел Ван дер Варт и Арјен Робен, најавија италијанските медиуми, само еден ден откако Реал Мадрид ги стави на трансфер-листатaСо оглед дека многу брзо мина договорот за трансфер на Бразилецот Кака од „Сан Сиро“ во Мадрид, Флорентино Перез му посочил на Адријано Галијани дека Милан ќе има предност во преговорите со нивни играчи на кои тие не сметаат за следната сезона, пишува „Кориере дело Спорт“. Милан во минатото токму со Холанѓани ги забележуваше најсветлите моменти во историјата, осо…

Јун 18, 2009

По 13 години повторно северна Кореа на СП

Северна Кореја ќе може своите фудбалски проектили слободно да ги испроба во Јужна Африка, откако нивната репрезентација за втор пат во историјата избори пласман на СП. Репрезентацијата на Северна Кореја е последниот директен патник од азискиот континент на Светското првенство во Јужна Африка 2010. Ова ќе биде нивно прво учество на вакво големо натпреварување после 1966 година.Севернокорејците својот пласман го обезбедија откако го освоија второто место во Групата 2 во азиските квалификации. Тие  одиграа нерешено со Саудиска Арбаија 0:0 во Ријад. На Саудијците им одговараше само победа за да…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top