Владимир Кличко, непобедлив?

Украинецот Владимир Кличко ја одбрани својата титула светски шампион во тешка категорија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Vladimir Klicko
Владимир Кличко

Украинецот Владимир Кличко ја одбрани својата титула светски шампион во тешка категорија, нанесувајќи му го првиот пораз на Узбекистанецот Руслан Чагаев со технички нокаут во деветтата рунда од мечот во Гелзенкирхен. Кличко (33) ги зачува своите шампионски појаси во ИБФ, во ИБО и во ВБО кога судијата ја запре борбата пред почетокот на десеттата рунда пред 61.000 гледачи поради крварењето на претендентот за ВБА-титулата од големата расекотина околу неговото лево око.

Vladimir KlickoЧагаев (30), кој не се соочи со ВБА-шампионот Николај Валуев од Русија откако мечот предвиден за крајот на минатиот месец беше откажан поради хепатитис Б на Узбекистанецот, успеа да се врати во мечот и упати неколку силни удари во тело. Но, Кличко доминираше во осмата и во деветтата рунда, терајќи го Чагаев во јажињата и нанесувајќи му повеќе удари што дополнително му го раскрварија окото на противникот. Судијата Еди Котон ја провери повредата по деветтата рунда и донесе одлука да ја прекине борбата во полза на Украинецот, чиј импресивен резултат сега е 53 победи и три нерешени во 56 меча. Кличко, чиј брат Виталиј е првак според ВБЦ, прво требаше да боксува со Дејвид Хеј, но Британецот се откажа поради повреда во почетокот од месецов.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top