Авг 23, 2016

Официјален Пекинг нуди една милијарда долари за Ливерпул

Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул сака да го купи кинеската компанија China Everbright зад која стои кинеската влада, пренесува Business Insider. Кинезите наводно понудиле 800 милиони фунти, односно една милијарда долари. Како што пишува Sunday Times, разговорите помеѓу кинескиот инвеститор и сопственикот на клубот, американската компанија FSG, се одвиваат веќе извесно време. FSG го купи Ливерпул во 2010 година за 300 милиони фунти. Претседателот на клубот Tom Werner признал за агенцијата AFP дека FSG е “отворен за идејата за продажба на уделот”.

Јул 9, 2009

Уште еден пораз на македонските кошаркарки

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години синоќа претрпе тежок пораз во вториот настап на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Охрид. Нашите кошаркарки немаа идеја како да им се спротивстават на расположените репрезентативки на Холандија кои заслужено победија со убедливи 84:36. Во другиот натпревар во рамките на „Б“ групата, Словачка тесно со само поен разлика ја победи селекцијата на Романија со 73:72. Во „А“ групата Белгија ја декласира Австрија совладувајќи ја со 80:48, Унгарките беа поуспешни од Гркинките победувајќи со 66:53, додека во третиот дуел репре…

Јул 8, 2009

Македонија со пораз стартуваше на ЕП

Македонската женска кошаркарска репрезенцатија до 20 години поразена на стартот од натпреварите во рамките на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Охрид. Македонските репрезентативки синоќа во салата „Билјанини извори“ не успеаја да ги совладаат одличните Израелки, кои на крајот славеа победа со резултат 76:60. Во другиот натпревар во рамките на „Б“ групата во кои е нашата репрезентација, Словачка ја совлада Холандија со резултат 88:78. Во „А“ групата одиграни три натпревари. Унгарија ја совлада Велика Британија со 63:47, Белгија поуспешна од Португалија победувајќи со резултат…

Јул 8, 2009

Светски куп во параглајдинг

Н.П.Галичица од 1 до 2 Август ќе биде домаќин на Светскиот куп во параглајдинг. 100-тина пилоти на параглајдер, од 11 држави од светот ќе го обојат Охридското небо помеѓу двете езера.Гостите а и охриѓани ќе имаат можност да бидат дел од височините, кои ретко се доживуваат. Параглејдингот кој важи за екстремен спорт и за кој е потребна добра психофизичка подготвеност годинава организирано и во Охрид. Во Македонија има 250 пилоти на параглајдер кои имаат положен испит. Председателот на параглајдинг клубот „Делта“, од Прилеп Кире Гиноски вели, „Филингот да се биде во воздух заедно со птиците н…

Јул 8, 2009

Умре младиот француски тенисер Матје Монкур

Францускиот тенисер Матје Монкур умре на 24-годишна возраст, а причината за смртта не се соопштува. Монкур, кој на најновата светска АТП листа го заземше 119-то место, во 2008 година беше парично казнет со 12.000 долари поради нелегално кладење, кога му беше изречена и забрана за натпреварување од осум недели.Најдобриот резултат на овој француски тренисер беше пласманот во второто коло од Ролан Гарос во 2006, 2007 и 2009 година. {loadposition content9}

Јул 8, 2009

Пеле бара лимит за астрономските хонорари

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, побара од ФИФА да воведе лимит за астрономските суми, изразувајќи стравување дека сегашната политика на големите клубови може да го уништи фудбалот.„Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) би морала да воведе финансиска контрола. Однесувањето на клубовите и ненормално високите исплати за играчите ќе ја уништи оваа игра“, порача Пеле од Нигерија, каде ја промовира кандидатурата на Рио де Женеиро за домаќин на Олимписките игри 2016 година.Пеле рече дека е свесен оти времето кога тој играл не може да се спореди со сегашноста, но …

Јул 7, 2009

Вејн Руни остана без уво?

Иако летните температури се во полн ек, Вејн Руни вчера се врати од Франција облечен во дебел блузон и со капуљача на главата, за да ја сокрие повредата на увото која ја заработи при лизгање на јахтата во Сен Тропе.По продажбата на Роналдо и Тавез, Руни е најважниот играч на Фергусон, но наместо во полна форма по краткиот одмор, Фергусон го дочека својот миленик со 45 конци на увото.Извори блиски на играчот потврдија дека по операцијата Руни нема да има видливи последици, но кога ќе се опорави од повредата, сеуште не се знае.{loadposition content9}

Јул 7, 2009

Одиграни натпреварите од првото коло на ЕП за кошаркарки до 20 години

Синоќа се одиграа натпреварите од првото коло во „А“ и „Б“ групите од Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б-дивизија, што се одржува во Охрид. Во рамките на „А“ групата, фаворитите ги оправдаа очекувањата. Португалија ја совлада Австрија со 71:46, Грција ја совлада селекцијата на Велика Британија со 71:59, додека Белгија беше поуспешна од Унгарија победувајќи ја со резултат 74:68. Во натпреварите од „Б“ групата фаворизираните словачки кошаркарки потешко од очекувањата ги совладаа репрезентативките на Израел со 93:84, додека Романија лесно ја совлада соодветната селекција на Хола…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top