Уште еден пораз на македонските кошаркарки

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години синоќа претрпе тежок пораз во вториот настап на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години синоќа претрпе тежок пораз во вториот настап на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Охрид.

Нашите кошаркарки немаа идеја како да им се спротивстават на расположените репрезентативки на Холандија кои заслужено победија со убедливи 84:36.
Во другиот натпревар во рамките на „Б“ групата, Словачка тесно со само поен разлика ја победи селекцијата на Романија со 73:72.

репрезентацијаВо „А“ групата Белгија ја декласира Австрија совладувајќи ја со 80:48, Унгарките беа поуспешни од Гркинките победувајќи со 66:53, додека во третиот дуел репрезентативките на Велика Британија ја забележаа првата победа во Охрид, совладувајќи ги кошаркарките на Португалија со резултат 53:47.
Во „А“ групата засега на првото место е Белгија со три победи и ниту еден пораз, втора е селекцијата на Грција со две победи и еден пораз пред Унгарија со ист број победи, но послаба кош-разлика. Четврта е Португалија со една победа и два порази, исто како и петтопласираната Велика Британија со послаба кош-разлика. Последна во групата засега е репрезентацијата на Австрија со три порази.

Во групата „Б“ по трите одиграни кола најуспешна е Словачка со три победи, пред репрезентацијата на Романија со една победа и еден пораз, колку што има и третопласираната селекција на Израел. Четврта во групата е Холандија со една победа и два порази, пред Македонија која е последна во групата, но и со натпревар помалку.

Денеска е слободен ден за кошаркарските селекции, а возбудувањата во салата „Билјанини извори“ продолжуваат веќе утре кога на распоред се дуелите Македонија – Романија и Израел – Холандија во „А“, како и двојките Австрија – Унгарија, Велика Британија – Белгија и Грција – Португалија во рамките на „Б“ групата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top