Сеп 28, 2015

Крај на “Ел-класико”?

По неделните избори во Каталонија и победата на сепаратистичките партии, тамошните медиуми се согласни дека Каталонија го продолжува патот кон својата независност. Спрема проекциите на победничките партии, Каталонија би можела да биде независна веќе во 2017 година, но се чини дека тоа е преоптимистичка прогноза која тешко ќе се отствари во следните две години. Како и да е, челниците на Здружението на професионални клубови и Шпанскиот спортски совет јавно порачаа дека во тој случај Барселона нема да може да продолжи со играње во шпанското првенство. Во Каталонија тие изјави ги нарекоа како …

Сеп 27, 2015

Хамилтон ја покори конкуренцијата на Сузука

Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес е победник за Големата награда на Јапонија возена рано наутро на патеката Сузука. Тоа беше 41-ва победа во кариерата на Хамилтон со која се израмни со легендарниот Бразилец Аиртон Сена. “Многу ми значи тоа што со својот идол од дете го израмнив резултатот токму овде во Сузука, каде Аиртон беше толку многу пати во историски двобои”, рекол Хамилтон во интервју на победничкиот пиедестал по својата трета победа во Сузука. Хамилтон водеше од стартот до целта и убедливо стигна до победата со која во вкупниот редослед ја зголеми предноста на 48 поени во одно…

Сеп 26, 2015

Покрената криминална истрага и против Сеп Блатер

Светските медиуми јавуваат дека е покрената криминална истрага против претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. Швајцарското државно обвинителство отвори истрага против долгогодишниот претседател на светскиот фудбалски сојуз, Сеп Блатер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба, а адвокатот на Блатер објави дека неговиот клиент во потполност соработува со истражните органи. “Канцеларијата на претседателот на ФИФА е претресен и податоците се одземени”, објави швајцарското обвинителство кое го терети Блатер дека во 2005 година потпишал штетен договор за ФИФА за телевизиски права со пор…

Сеп 26, 2015

Имотот и сметките на Нејмар блокирани

Бразилските власти од Нејмар побаруваат 15 милиони евра данок кои ги затаил од 2011 до 2013 година, пишуваат бразилските и шпанските медиуми. На бразилскиот најдобар фудбалер му се блокирани имотот и сметките поради истрага за трансферот од Сантош во Барселона. Да потсетиме, каталонскиот клуб тврдеше дека вредноста на трансферот на Нејмар од Сантош во Барселона изнесувал 57 милиони евра, но подоцна се откри дека вкупниот износ од трансферот е далеку поголем, односно дека изнесува 86 милиони евра што значи дека Барселона го оштетила државниот буџет за 9 милиони евра данок. Исто така, споре…

Сеп 22, 2015

Тренирав само четворица од светска класа

Во својата нова книга, супер успешниот Шкотланѓанец, открива ставови за играчите кои ги водел во Манчестер Јунајтед. Полни 26 години Сер Алекс Фергусон беше менаџер на Манчестер Јунајтед со кој во тоа време освои две титули во Лигата на шампиони и дури 13 наслови првак на Англија. Вкупно освои 38 трофеи и засекогаш се врежа во срцата на навивачите на Јунајтед. Сер Алекс, кој во последната година е предавач на Харвард, во својата нова книга откри дека само четворица играчи, од оние кои ги тренирал на Олд Трафорд, ги смета за светска класа. “Пол Сколс, Ерик Кантона, Кристиано Роналдо и Рај…

Сеп 19, 2015

Прва пол позиција за Ферари по цели три години

Себастијан Фетел по врнежливо време на патеката Марина Беј во Сингапур ја донесе првата пол позиција за Ферари по повеќе од три години, односно по трката за Големата награда на Германија во јули 2012 година, а оваа во Сингапур е прва оваа година на која не е прв некој од возачите на Мерцедес. Актуелниот светски првак и водечкиот во пласманот на возачи, Бритенецот Луис Хамилтон отствари само петто време, додека неговиот колега Германецот Нико Розберг беше шести. Од првиот ред, покрај Фетел ќе стартува Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул. Стартниот поредок за трката во Сингапур е следни…

Сеп 18, 2015

Фудбалскиот сојуз на Англија (FA) покрена истрага против Мурињо

Актуелниот менаџер на Челзи, португалецот Хозе Мурињо се сомничи дека во завршницата на мечот од првото колу на Премиер лигата помеѓу Челзи и Свонси (2-2) со сексистички зборови ја навредил Ева Карниеро која втрча на теренот за да му помогне на Еден Азар. Мурињо по натпреварот изјави дека неговата докторка не го разбира фудбалот и дека нејзиниот потег е непрофесионален. По тој инцидент Карниеро е отстранета од својата должност и не се врати во ниеден момент, а воедно поднесе и тужба против Мурињо откако се советувала со својот адвокат. Во доказниот материјал може да се види и да се чуе ка…

Сеп 18, 2015

Се шири “пожарот” во ФИФА

Генералниот секретар ма меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Jerome Valcke е разрешен од должноста по итна постапка, објави врвот на светската организација во фудбал која по се изгледа ќе ја тресат нови скандали. ФИФА веќе и порано е под обвинение за корупција на швајцарското и американското правосудство, а по сѐ изгледа и Valcke е под истрага за криминални дејанија. Барањето за негова смена ја покренала Етичката комисија на ФИФА. Французинот Jerome Valcke (54) должноста на генерален секретар ја превзеде во 2007 година, а пред тоа беше новинар и директор на маркетинг во ФИФА. Меди…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top