Авг 6, 2009

Работнички против данскиот Оденсе во Лигата на Европа

Единствениот преостанат македонски преставник на европската фудбалска сцена, екипата на Работнички, вечер во Данска го игра реванш натпреварот од 3-то квалификациско коло во Лигата на Европа против данскиот Оденсе.Негативата од 3:4 која „Романтичарите“ ја имаат по првата средба одиграна во Скопје, дополнително им ја отежнува задачата, да се одбрани честа на мак-фудбалот, сезонава на европската фудбалска сцена. Избраниците на тренерот Стратев, најавуваат офанзивна игра, со цел да се стигне до посакуваната победа од два гола разлика, услов со кој би му донел пласман на скопскиот тим во следна…

Авг 5, 2009

Реал го купи и Чаби Алонсо

Англискиот фудбалски клуб Ливерпул вечерва соопшти дека ја прифатил понудата на Реал Мадрид за продажба на играчот за врска Чаби Алонсо.Шпанскиот фудбалер во Реал ќе премине под услов да ги пројде лекарските прегледи во Мадрид.Ливерпул наведува дека нема да ги соопшти финансиските детали на трансферот.Реал, пред Алонсо, во летниот преоден рок ги доведе Кристијано Роналдо, Кака, Карим Бензема, Раул Албиол и Алваро Арбелоу.{loadposition content9}

Авг 5, 2009

Интер го купува Горан Пандев

Италијанскиот шампион е подготвен да го доведе Горан Пандев во своите редови, но наредната година кога ќе биде слободен играч. Оваа резервација на Пандев дополнително го разлути, и така нервозниот претседател Клаудио Лотито, кој полека почна со реализација на заканите упатени кон македонскиот репрезентативец уште минатиот месец во кои јасно му кажа дека ако продолжи да работи на заминување ќе го седне на клупа. Како што е познато, Пандев нема да биде во авионот со кој Лацио ќе отпатува во Пекинг, каде в сабота ќе се одигра Италијанскиот суперкуп, токму меѓу Лацио и Интер. Инаку, договорот н…

Авг 4, 2009

Втор пораз на Македонија од Словенија

Македонската кошаркарска репрезентација и во вториот натпревар синоќа во Домжале  загуби од Словенија. Конечниот резултат беше 80 : 75 (21:21, 21:17, 16:18,22:19), а овојпат избраниците на селекторот Јовица Арсиќ прикажаа подобра игра за разлика од претходнната вечер. Се уште се чуствува проблемот на невоиграноста на екипата, а повторно противникот имаше повеќе скокови (Македонија 27, Словенија 39). Во нашиот тим најмногу поени постигнаа Гечевски и Антиќ по 16, додека Врбица Стефанов реализираше 15 поени со 8 асистенции. Натурализираниот Македонец Џеремаја Мејси и на овој натпревар беше дал…

Авг 4, 2009

Нема враќање на Шуми фо Ф1

Иако Здружението на тимови во Формула 1(ФОТА) се согласи на Михаел Шумахер да му овозможи тестирање на новиот болид на Ферари, се чини дека нема ништо од тоа. Освен на тренинзите во пресрет на трките, според правилата, не е дозволено тестирање на болидите. Шумахер, кој во Ферари ќе го менува повредениот Фелипе Маса, се подготвуваше во ланскиот модел Ф2007.Ферари упати молба до останатите тимови да направат исклучок и да му овозможат еднодневно тестирање на Германецот на новиот болид. Седум тимови се согласија, единствено Форс Индија не се изјасни, но вето стави Френк Вилијамс.Ова вето значи…

Сеп 11, 2016

Кербер влезе во историјата на светскиот тенис

Германската тенисерка Анжелик Кербер во финалето на УС Опен ја надигра Чехињата Каролина Плишкова со 6-3, 4-6, 6-4 после два часа и седум минути борба во квалитетно и неизвесно финале и така по втор пат во кариерата го подигна победничкиот трофеј на Грен Слем турнирите, откако на почетокот на годината триумфираше на Австралија Опен. Кербер до својата победа во осум дуели со 24-годишната чешка тенисерка стигна со пресврт во одлучувачкиот сет во кој Плишкова водеше со 3-1, но Германката ги освои следните шест гемови и така стигна до победа која освен сребрениот трофеј и донесе и 3,5 милиони …

Авг 3, 2009

Римскиот император, Фелпс

Како и минатата година на Олимписките игри во Пекинг, и на денес завршеното Светско првенство во пливање, еден човек е во центарот на вниманието.Погодувате, Мајкл Фелпс го освои петтото злато во „вечниот град“. Овој пат беше член на штафетата која беше најдобра во дисциплината 4х100метри мешано. Ова беше 22златен медал во кариерата.Фелпс до златото дојде пливајки со Арон Пирсол, Ерик Шантеу и Давид Валтерс, а американската штафета исплива нов светски рекорд (3:27,38).Најдобро време на „сите времиња“ исплива и британецот Лиам Танкок на 50грбно, оставајќи го зад себе Јапонецот Јунј Коге и Јуж…

Авг 3, 2009

Фелипе Маса одлично закрепнува по тешката несреќа во Хунгароринг

Веќе иднава недела возачот на Ферари во Формула 1 би требало да се врати во Бразил. Претходно, првпат по будењето од кома, имаше дури и средба со новинарите. Да се потсетиме дека Маса доби прелом на черепот и повреда на левото око, за време на возењето за  квалификациите за Големата награда на Унгарија, кога во главата (во кацигата), го погоди еден федер што отпаднал од болидот на неговиот сонародник Рубенс Баричело.“Знам дека сум среќен што сум жив, но повторно ќе се тркам“, решително порача Маса.“Кога се разбудив од кома, воопшто не знаев зошто сум во болница. Почнав да ги откачувам сите …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top