Авг 12, 2009

Пријателски фудбалски натпревари ширум светот

Фудбалските репрезентации денешниот ден и термин на ФИФА за репрезентативен фудбал ќе го искористат и ширум светот ќе се одиграат вкупно 24 пријателски натпревари. Еден од нив е и дуелот на националната арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје меѓу Македонија и европскиот шампион Шпанија. Нашите следни противници од квалификациите Норвешка и Шкотска во Осло ќе одиграат натпревар од квалификациите. Меѓу поинтересните пријателски  дуели се Холандија – Англија што ќе се одигра во Амстердам, потоа Русија – Аргентина и Исланд – Словачка. Домаќинот на Светското првенство Јужна Африка ќе ја пречек…

Авг 12, 2009

Продолжуваат квалификациите за Мундијалот

Пет натпревари од квалификациите од европската зона за Светското првенство во фудбал во Јужна Африка 2010 година ќе го одбележат денешниот ден. Во групата 9, во која настапува и Македонија, во Осло ќе се сретнат Норвешка и Шкотска, репрезентации кои заедно со нашата имаат шанси да го освојат второто место што води во баражот. Холандија со 21 бод е прва во групата 9 , Шкотска и Македонија имаат по 7, Исланд 4 и Норвешка 3. Единствено Исланд е без шанси за второто место. Во другите натпревари во групата 3 играат Словенија – Сан Марино. Германија гостува кај Азербејџан во натпревар од групата …

Авг 11, 2009

Посебни мерки за натпреварот Македонија – Шпанија

Мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување се воведени во Скопје поради фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија што ќе се одигра утре вечер.Министерството за внатрешни работи соопшти дека мерките и активностите освен на националната арена и местото, каде ќе биде сместена гостинската репрезентација, ќе се спроведат и на сите оние места и сообраќајници каде ќе има собирање и движење на заинтересираните посетители и гости.Според најавите, на денот на одигрување на натпреварот сообраќајот ќе се одвива со посебен режим на булеварите. „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“, потоа у…

Авг 11, 2009

Надал се подготвува за Флешинг медоуз

Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал изрази мала доза оптимизам за успех на претстојното Отворено првенство на САД, подготвувајќи се да ги тестира своите проблематични колена оваа недела на АТП-турнирот во Монтреал. „За Флешинг медоуз секако дека ќе бидам посвеж и поодморен, но за некаков успех е рано да се зборува. Неделава ќе видам како моите колена ќе го издржат притисокот, а потоа ќе имам уште малку време за да постигнам што е можно подобра форма. За триумф воопшто не сакам да размислувам. Во моментов го проверувам нивото на подготвеност“ – изјави Надал, кој во Монтреал може да го загуби…

Авг 10, 2009

Нови влезници за натпреварот Македонија – Шпанија

Фудбалската федерација на Македонија денеска попладне ќе пушти во продажба нови влезници за натпреварот Македонија – Шпанија.Влезници ќе бидат нумерирани и ќе содржат соодветна заштита, и сите оние што имаат набавено карта, ќе можат да ја заменат на местото каде што ја купиле.Секое лице при замената на билетот е должно да носи лична карта за идентификација.Фудбалската федерација на Македонија реши да ги повлече сите влезници за пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Шпанија, откако Министерството за внатрешни работи сугерираше дека е доведена под прашалник безбедноста на глед…

Авг 10, 2009

Рибери сепак во Реал

Реал М. само што со купувањето на Чаби Алонсо од Ливерпул го комплетираше составот за нареднава сезона, шпанските медиуми објавија дека Флорентино Перез веќе купил нова ѕвезда за 2010 година. Тоа не е никој друг туку Франк Рибери. Наводно, Баерн иако не сакаше да го пушти Французинот ова лето, сепак, наредното ќе го направи тоа за да го фати последниот воз за заработка на Рибери, чиј договор со Баварците истекува 2011. Реал М планира да плати 25 милиони евра, иако пред неколку дена беше подготвен да издвои двојно повеќе.{loadposition content9}

Сеп 12, 2016

Stan the Man нерешлива загатка за рекетот број еден

Швајцарецот Стен Вавринка во своето трето Грен Слем финале стигна и до третиот наслов победувајќи го првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во дуелот за победничкиот трофеј на УС Опен со 6-7, 6-4, 7-5, 6-3. На Вавринка по триумфот на Австралија Опен во 2014 година, Ролан Гарос во 2015 и овогодинешниот УС Опен, сега му остана само триумф на Вимблдон за да ја пополни колекцијата на Грем Слем титули и да се придружи на осуммината тенисери на кои тоа им успеало, а во која како последен влезе токму Новак Ѓоковиќ со овогодинешниот триумф на Ролан Гарос. Финалниот двобој на распродадениот стадио…

Авг 8, 2009

Руни ќе ги води „црвените ѓаволи“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон смета дека е време Руни да ја превземе лидерската улога во тимот по заминувањето на Кристијано Роналдо. Многу е веројатно дека напаѓачот ќе има слобода да игра на неговата омилена позиција во новата сезона т.е на централната напаѓачка позиција. Фергусон се надева дека тој ќе ја одбележи сезоната и ќе постигнува многу погодоци а со тоа ќе биде движечка сила на тимот.„Не мислам дека одговорноста дека треба да дава повеќе ќе биде тешка работа за Руни. Тој е многу силен во психолошки смисол и на него не влијаат многу надворешните промени. Го д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top