Руни ќе ги води „црвените ѓаволи“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон смета дека е време Руни да ја превземе лидерската улога во тимот по заминувањето на Кристијано Роналдо.

 |  Крсте Голабовски  | 
Wane Rooney
Вејн Руни

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон смета дека е време Руни да ја превземе лидерската улога во тимот по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Wane RooneyМногу е веројатно дека напаѓачот ќе има слобода да игра на неговата омилена позиција во новата сезона т.е на централната напаѓачка позиција. Фергусон се надева дека тој ќе ја одбележи сезоната и ќе постигнува многу погодоци а со тоа ќе биде движечка сила на тимот.

„Не мислам дека одговорноста дека треба да дава повеќе ќе биде тешка работа за Руни. Тој е многу силен во психолошки смисол и на него не влијаат многу надворешните промени. Го докажувал ова многу пати. Тој ќе биде нашиот прв напаѓач и мислам дека ќе постигне многу погодоци“.

„Во минатата сезона имаше еден период во кој постигна погодоци на седум натпревари по ред. Доколку успее да биде постојан во листата на стрелците може да стигне до 25 погодоци па дури и повеќе. Вејн е многу различен тип на играч од Кристијано па затоа не сакам да ги споредувам нив двајца“ , изјави Фергусон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top