Авг 20, 2009

Квалификации за фудбалската лига на шампиони 2. дел

Левски – Дебрецин 1:2Едно од двете изненадувања е победата на унгарскиот Дебрецин на гостувањето во Софија. Боднар во 12. и Цвитковиќ во 76. минута беа стрелци за гостите, а Брандон во 51. минута го постигна единствениот гол за Левски.Лион – Андерлехт 5:1Францускиот претставник речиси со една нога е во лигата на шампиони. На Жерлан веќе во првото полувреме беше 4:0, а за тоа водство погодија Пјаниќ, Лисандро, Бастос и Гомик кој во второто полувреме погоди уште еднаш, а почесниот гол за андерлехт го постигна Суарез.Панатинаикос – Атлетико Мадрид 2:3Во еден одличен натпревар шпанците речиси ј…

Авг 19, 2009

Квалификации за фудбалската лига на шампиони 1. дел

Копенхаген – Апоел 1:0Данскиот првак оствари победа во првиот натпревар против кипарскиот Апоел благодарение на погодокот на чешкиот интернационалез Зденјек Поспеха во 54. минута.Спортинг – Фиорентина 2:2Италијанците водеа со голот на Варгас во шестата минута, изедначи црногорецот Вукчевиќ во 58. минута. Мигел Велонсо 8 минути подоцна зголеми на 2:1 за Спортинг, а Џилардино во 79. минута го постави конечниот резултат.Селтик – Арсенал 0:2Во дербито на колото Арсенал во Глазгов со 2:0 го совлада Селтик. Стрелци на головите беа Галас во 43 минута и во 71 Колдвел ја затресе сопствената мрежа.Ше…

Авг 17, 2009

Болт експлодира со нов светски рекорд

Усеин Болт е победник на трката на 100 метри на Светското атлетско првенство во Берлин.Тој оствари ново најдобро планетарно време со резултат од 9:58 секунди, подобрувајќи го сопствениот рекорд за 11 стотинки.Во трката која што беше најочекувана на Светското првенство Болт го победи својот најголем ривал Американецот Тајсон Геј.Геј стигна втор на целта поставувајќи нов Американски рекорд со време 9:71 секунда.Трет на целта пристигна сонародникот на Усеин Болт, Асафа Пауел со време 9:84 секунди.{loadposition content9}

Авг 17, 2009

Мареј од денес втор на АТП листата

Енди Мареј на Мастерсот во Монтреал не задоволи само со фактот дека со пласманот во финалето си осигура пробив на второто место на ранг листата на Асоцијацијата на тениски професионалци.Британецот во мечот за трофејот “Роџерс куп” го совлада Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 2-1, по сетови 6:7(4:7), 7:6(7:3), 6:1, па така на најдобар начин прослави што од денес на АТП листата пред него ќе биде само Рожер Федерер.{loadposition content9}

Авг 15, 2009

Стефановски го преплива Ла Манш

Македонскиот пливач-маратонец Томи Стефановски успеа да го препливува каналот Ламанш за време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди.Со препливувањето тој се стекна со националното спортско признание популарно наречено спортска пензија и по неговото пристигнување во Скопје свечено ќе биде примен во Агенцијата за млади и спорт.На францускиот брег, кај пристаништето Кале, македонскиот пливач пристигна изморен, но пресреќен поради својот голем успех, особено што времето што го постигна е за речиси два часа подобро од она што пред тргнувањето во англиското пристаниште Довер го предвидуваа тој и екип…

Авг 15, 2009

Берлин домаќин на 12.Светско првенство во атлетика

Светското првенство во атлетика на кое се очекува да се појават повеќе од 2.500 атлетичари од 213 држави и ќе се натпреваруваат во 143 дисциплини, стартува денеска во Берлин.Македонија на овој светски самит на кралицата на спортовите ќе има само еден натпреварувач, атлетичарката Ивана Рожман која ќе учествува во трката на 100 метри.Светското првенство во атлетика ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Берлин, а според организаторите овој спортски настан преку малите екрани ќе го проследат околу шест милијарди луѓе.Светската атлетска федерација соопшти дека 213 земји ги откупиле телевизиските…

Сеп 17, 2016

На повидок ново клупско натпреварување

Четворочлена делегација на Барселона на чело со Јозеф Бартомеу го посети седиштето на ФИФА и се состана со претседателот Џани Инфантино, а на дневен ред биле две точки: подобрување на односите помеѓу еден од најголемите клубови и светската фудбалска организација, а втората почеток на ново клупско натпреварување. Барса и ФИФА воопшто не комуницираа од казната која ФИФА им ја изрече на Каталонците поради неправилности при доведување на малолетни фудбалери. Но, во меѓувреме тогашниот претседател Сеп Блатер замина во историјата па се создадоа повторно услови за соработка. Втората главна тема …

Авг 14, 2009

Kајак-кану регата „Охрид 2009“

Во водите на охридското езеро од утре во организација на кајак кану клубот „Стрмец“ ќе се организира 8та меѓународна кајак-кану регата. Кајак-кану клубот и мононаутика на мирни води   „Стрмец“ од Охрид, оваа година ја организира 8та меѓународна регата „Охрид 2009“. Истата се организира по повод 63годишнината од формирањето на клубот.„ Далечната 1947год. по иницијатива на група граѓани од Охрид на чело со Александар Главинчев, Миле Кичеец и Хосни Пипидоко, кои се воедно и носители на кајакарскиот спорт во Македонија, се оформи кајак клубот во нашиов град“, вели Радован Попоски спортски дирек…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top