Берлин домаќин на 12.Светско првенство во атлетика

Светското првенство во атлетика на кое се очекува да се појават повеќе од 2.500 атлетичари од 213 држави и ќе се натпреваруваат во 143 дисциплини, стартува денеска во Берлин.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Светското првенство во атлетика на кое се очекува да се појават повеќе од 2.500 атлетичари од 213 држави и ќе се натпреваруваат во 143 дисциплини, стартува денеска во Берлин.

BerlinМакедонија на овој светски самит на кралицата на спортовите ќе има само еден натпреварувач, атлетичарката Ивана Рожман која ќе учествува во трката на 100 метри.

Светското првенство во атлетика ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Берлин, а според организаторите овој спортски настан преку малите екрани ќе го проследат околу шест милијарди луѓе.

Светската атлетска федерација соопшти дека 213 земји ги откупиле телевизиските права за пренесување на овој спортски настан.

Организаторите најавија ригорозни допинг тестови, а земените примероци ќе се тестираат во лабораториите во Дрезден и во Келн.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top