Официјално, Лига на нации од 2018 година

Важна одлука за иднината на фудбалот

 |  инфодеск  | 

Како што беше претходно најавено, на конгресот на УЕФА одржан во Казахстан потврдено е основањето на турнирот под името Лига на нациите.

Новото натпреварување за европските репрезентации кој треба да ги замени пријателските натпревари ќе стартува од септември 2018 година.

Учесниците на завршницата на турнирот Лига на нациите ќе изборат директно учество на Европското првенство во 2020 година и ќе се укине баражот, а подоцна ќе се вклучат и во квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Претседателот на УЕФА Мишел Платини рекол дека се работи за многу важна одлука за иднината на фудбалот на ниво на национални репрезентации.

Форматот на натпреварување треба допрва да се прецизира, иако се предвидува 54 екипи да се натпреваруваат во четири дивизии и натпреварите да се играат од септември до ноември 2018 година.

Дванаесете најдобри екипи би играле во четири групи од по три екипи во дивизијата А, победниците одат понатаму до финале а потоа групите за квалификации за Еуро 2020 би се натпреварувале од март до ноември 2019 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top