Одложена е одлуката на Уефа за натпреварот Србија-Албанија

Ова се можните сценарија

 |  инфодеск  | 

Уефа требаше во текот на денешниот ден да донесе одлука за прекинатиот квалификациски натпревар во Белград, но тоа е пролонгирано за петок.

Уефа во петок ќе донесе одлука, но треба да се нагласи дека ова нема да биде одлука за евентуалните казни за српскиот и албанскиот фудбалски сојуз

Можни се четири сценарија за расплет на натпреварот. Победник со службен резултат за Србија или Албанија, во зависност кого Уефа ќе го обвини за неодигрувањето на натпреварот. Може да се повтори натпреварот во Белград без присуство на гледачи, а може натпреварот да се одигра и на неутрален терен, исто така без присуство на гледачи, бидејќи би било лудо да се допушти доаѓање на навивачи на тој натпревар.

Од Уефа протекоа информации дека најверојатно ова последното сценарио ќе биде и конечното решение. Доколку натпреварот се регистрира во корист на било која репрезентација, тоа ќе биде јасен знак дека другата репрезентација ќе добие драстична казна за која ќе се одлучува идниот месец.

Да се потсетиме, Уефа ги обвинува Албанците поради екстремистички испади и акцијата со дронот но и за одбивањето натпреварот да се продолжи. Србија пак се терети за лошата организација, фрлање на предмети, користење на ласери на теренот и напад на фудбалерите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top