“Целта на овие промени е развојот на ракометот во уште поатрактивен спорт”, соопшти IHF која ги тестираше новите правила на светските првенства на помладите категории. Наводно реакцијата на ракометарите била позитивна, па сениорите за прв пат по новите правила ќе заиграат од август месец. Оваа одлука е донесена во ноември, но сега се објавени детали за пет нови правила меѓу кои за жал го нема она за ограничување на нападот со семафор.
–Седми играч во поле – Се дозволува седмиот играч во поле, кога го менува голманот, да не носи маичка за маркер и во тој случај не смее да застане на гол ниту да влегува во голманскиот простор, а ако тоа се случи се суди седмерец.
–Напуштање на играчот кој бара лекарска помош – Повредениот играч не ќе може повеќе да лежи на теренот, а со тоа се сака да се спречи симулирање на повреди. Сега тој играч ќе мора веднаш да биде изнесен од теренот, а ќе може да се врати по третиот напад на својата екипа.
–Пасивна игра – За време на подигната рака на судијата за пасивен напад, екипата ќе може да одработи само шест додавања. Ако нема удар према голот и после тоа автоматски се суди пасивен напад.
–Последни 30 секунди – Поимот во ракометот “последна минута” се менува со “последни 30 секунди”. Се намалува периодот во кој пожестоко се казнуваат прекршоците на играчите.
–Син картон – Последното правило најмногу паѓа в очи. Се работи за плав картон кој покрај црвениот и жолтиот ќе може судијата да го покаже и тоа кога ќе сака тој прекршок посебно да го истражи дисциплинскта комисија по натпреварот. Тој ќе биде покажуван по црвениот картон, како додаток, доколку судиите не се сигурни колку некој играч навистина претерал во прекршокот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град