Нови детали за местењето на тениски натпревари

“Точно знаев како ќе биде наместен Мастерсот”

 |  инфодеск  | 

Скандалот околу местењето на тениски натпревари го тресе тенисот, а го откри BBC пред самиот почеток на Австралија Опен, а сега има и нови детали.

Поранешен тенисер од Јужна Америка за BBC рекол дека местењето натпревари е вообичаено и дека некои од најдобрите на светот се “расипани на некој начин”.

Тој истакнал и дека местењето не е ограничено само на нискорангираните професионалци, како и дека ова е тајна која сите ја знаат. Тенисерот, кој сакал да остане анонимен, рекол дека официјалните тениски функционери знаат за тоа кој сѐ е замешан, но не сакаат тоа да го запрат.

Единицата за тениски интегритет (TIU) објави дека ги отфрла сите обвиненија дека се заташкани докази за местење на натпревари. “Го повикуваме тенисерот кој стои зад тие обвиненија, да нѐ контактира и да ги сподели со нас информациите кои ги има”, стои во соопштението на единицата.

Тие обвиненија дојдоа само два дена откако BBC откри детали за илегалното обложување на тениски натпревари во последната деценија.

Во ексклузивното интервју за BBC тој неименуван тенисер, кој се занимава со тенис, навел детали како се местат мечевите и на што сѐ се спремни криминалците да не бидат откриени.

“Тоа е како тајна на турнирите кои сите ја знаат, но за тоа не се зборува. Кога ќе видиме, само продолжуваме понатаму”, рекол тенисерот.

Спрема неговите зборови постојат три поголеми групи кои го контролираат обложувањето на тениски натпревари и исплатите на играчите се врши во кеш, без никакви траги.

“Секоја група има голем број на луѓе кои разговараат со играчите. Исто така имаат голем број на сметки, околу 50-60, на кои уплаќаат мали суми на пари. На крајот, тоа излегува навистина голема сума, навистина огромна”, нагласил тенисерот.

BBC пренесува дека се обидел повторно да стапи во контакт со тој тенисер за да појасни колку некој играч би заработил од местење на натпревари за време од една година, но не успеал.

“Се знае кој тоа го прави, а кој не. Како тенисер, знам кој намерно го пропушта топчето или го враќа ударот намерно во средина. Кој се труди, а кој не. Тоа нам ни е работа, ние тоа го знаеме”, нагласил тенисерот.

Исто така, овој тенисер тврди дека играчите разменуваат насмевки и коментари кои наговестуваат дека мечот го наместиле.

“Почнав да верувам пред неколку години дека најдобрите тенисери се вмешани, кога едно момче ми рече каков ќе биде резултатот на следните два турнири. Ми кажа кој ќе победи и како тоа ќе се случи. На почетокот мислев дека тој само се фали за да ја прифатам неговата игра. Но, подоцна како што одминуваа мечевите се запрепастив дека такво нешто навистина се случува. Зборувам за Мастерс серија во која учествуваат само големи имиња”, истакнал тој тенисер.

Неименуваниот тенисер истакнал дека не само што се знаело кој и кога ќе победи, туку и како точно тоа ќе се случи.

“Додека го гледав турнирот, не можев да верувам. Не беше лесно да се знае дека мора да изгубите, Кога тргнувате а влегува сѐ, почнувате да паничите. Така, кога ќе видите дека некој тенисер победува лесно, а потоа почнува да промашува намерно, секое топче, па на крајот го губи мечот, едноставно не можете да поверувате”, заклучил анонимниот тенисер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top