Нов ден, нови бомби од ФИФА

На скандалите во ФИФА им нема крај

 |  инфодеск  | 

Новото шокантно откритие од ФИФА го носи лидерот на фудбалскиот сојуз на Ирска, John Delaney кој признал, за тамошната државна телевизија, дека ФИФА му платила на фудбалскиот сојуз на Ирска пет милиони евра за да не поднесат тужба за играњето со рака на Thierry Henry во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Јужна Африка помеѓу Франција и Ирска.
Да потсетиме, Ирска го загуби плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство во Јужна Африка од Франција откако Henry по евидентното стопирање на топката со рака го постигна клучниот гол во продолжението од натпреварот. Ирците потоа се заканија со тужба за ФИФА, но целата работа очигледно е решена со уште еден скандал.
Челникот на ирскиот сојуз John Delany признал дека ФИФА платила пет милиони евра за никогаш да не дојде до судски процес. Delany во разговор за ирската државна телевизија RTE рекол:
“Тоа беше уплата на сметка на сојузот за да не покренуваме судски спор”.
Ова откритие предизвика згрозување кај ирските навивачи кои го нападнаа сојузот.
Очигледно на скандалите во ФИФА им нема крај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top