Веќе два месеца по страшната несреќа на Михаел Шумахер, од која тешко се опоравува и лежи во кома во болницата во Гренобл, во саботата стигна уште една вест за несреќа на скијање во која е инволвиран уште еден прославен Ф1 возач, Герхард Бергер.
Исто како и Шумахер, Бергер важи за многу добар скијач, но во саботата во австрискиот Тирол доживеал несреќа.
Имено, спрема извештаите кои стигнале од патеката, Бергер скијал на многу опасен дел каде на момент изгубил контрола и при голема брзина удрил во бетонска ограда.
На сета среќа не удрил со глава, но останал да лежи без свест а ја скршил раката. Веднаш бил префрлен во болницата Ст.Јохан каде бил опериран по итна постапка.
Од болницата потврдиле дека се работи за тешка повреда на раката но легендарниот возач не бил во животна опасност, и дека добро се опоравува.
Бергер во својата кариера се прославил како возач на Ферари, Мек Ларен и Бенетон, победил на 10 трки и имал преку 200 настапи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град