Дали се сите првенства од 2009 година па наваму нерегуларни, по наредбата која Хрватскиот фудбалски сојуз ја добил од Министерството за наука, образование и спорт на Хрватска.
Наредбата е дака во рок од 15 дена Хрватскиот фудбалски сојуз мора да ги исфрли од лигата Локомотива и Хрватски Драговољац.
Петар Сканси уште во декември нагласил дека спортската инспекција пронашла дека има голема поврзаност помеѓу Динамо и Локомотива, а два месеци подоцна стигнала и конечна потврда за тоа. Novi List пишува дека на адресата на Хрватскиот фудбалски сојуз стигнало решение од службата за спортска инспекција од Министерството за наука, образование и спорт во кое меѓу осумте точки посебно се истакнува точката три во која стои дека му се наредува на HNS, поништување на одлуката од 30-ти април 2009 со која се дава лиценца за натпреварување на Локомотива во Прва HNL лига за натпреварувачката сезона 2009/10. И четвртата точка од решението каде стои дека рокот за извршување е 15 дена. Се издвојува и петтата точка во која се наредува укинување на лиценцата за Хрватски Драговољац за тековната сезона 2013/2014.
Тоа значи дека HNS има 15 дена да ги исфрли од лигата Локомотива и Хрватски Драговољац, но исто така значи дека сите првенства од 2009 година наваму се нерегуларни.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град