Најголемиот тренер се враќа во НБА?

Спремен е враќање

 |  инфодеск  | 

Спрема извештаите на ESPN, легендарниот кошаркарски тренер Фил Џексон е спремен за враќање во НБА лигата.

Џексон како тренер освоил дури 11 наслови НБА првак, шест со Чикаго и пет со Лејкерси. Последен пат работеше во сезоната 2010/2011, а оттогаш се одмараше и ги решаваше здравствените проблеми. Сега е потполно здрав, тврди ESPN, и спремен за враќање на работа, било како тренер, било во канцелариите на некој клуб. Канцелариската работа би му била прв избор, но не би имал ништо против да се врати и како тренер.

Џексон веќе имаше прилика да седне на клупата на Њујорк Кникс, чиј член беше како играч, но сите понуди ги одби. Кникси, меѓутоа, не попуштаат а New York Daily News пишува дека Џексон својата одлука ќе ја соопшти идната недела.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top