Најбогатиот Кинез спрема сензација

Кинескиот мултимилијардер планира да ја освојува Европа со потклекнатиот џин

 |  инфодеск  | 

Најбогатиот Кинез Jack Ma планира да ги откупи акциите на италијанскиот џин Милан со понуда од 700 милиони долари, пишуваат италијанските и англиските медиуми. Ма сака да влезе на голема врата на европскиот фудбалски пазар така што ќе го разубеди Силвио Берлускони да му го продаде омиленото чедо.

Со ова најверојатно би завршила резултатската агонија на Милан и би се отворила нова триумфална ера на големиот Милан. Ма е екстремно богат, неговото богатство се проценува на околу 25 милијарди долари. Тој е основач на една од најголемите светски компании Алибаба и е косопственик на петкратниот последователен првак на Кина Гангжу Евергранде. Во сопственост на неговата Алибаба група е и социјалната мрежа Веибо и уште неколку малопродажни интернет сервиси.

Кинезот има намера веднаш да откупи 70% од акциите на клубот а подоцна во следната година да го превземе комплетниот пакет за да биде 100% сопственик, а потоа има намера да вложи стотици милиони во правење на екипата која би била конкурентна за освојување на најголемите трофеи.

Сега на потег е Берлускони, долгогодишен сопственик на Милан под чие водство росонерите ги отстварија најголемите успеси. Берлускони го купи Милан во 1986 година и од тогаш Милан освои рекордни 28 трофеи, од тоа 5 наслови првак на Европа и осум наслови италијански првак. Но, последната титула првак на Италија и воедно последен голем трофеј го освои во 2011 година. Од тогаш со италијанскиот фудбал суверено владее Јувентус, кој освои 5 последователни титули, додека Милан во последно време не успева да избори ниту пласман во Лигата на шампиони.

Милан е на раскрсница, или ќе продолжи агонијата или Берлускони ќе го препушти клубот на помлади и помоќни претприемачи. Историјата ќе го памти како еден од најголемите претседатели на сите времиња, веројатно веднаш до најголемиот Сантијаго Бернабеу, но биологијата како за него така и за сите е немилосрдна и никој не може да и се спротистави, без оглед на бројот на пластични операции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top