На Европското првенство во фудбал, кое ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули во Франција, ќе учествуваат 24 репрезентации кои меѓусебно ќе распределат рекорден награден фонд од 301 милион евра.
Овој износ е за 35% поголем од претходното првенство кое беше поделен на ЕП2012 во Полска и Украина и за 39% поголем од наградниот фонд од 2009 година кога се одржа Еуро во Австрија и Швајцарија.
Еве како ќе се распределат парите на Европското првенство во фудбал: само за настап секоја репрезентација ќе добие по 8 милиони евра, секој освоен бод во натпреварувањето по групи носи 500.000 евра, а победа еден милион.
Наградата за пласман во осминафиналето изнесува 1,5 милиони евра, а пласман во четвртфиналето 2,5 милиони евра. Полуфиналистите ќе бидат побогати за 4 милиони евра, а финалистите ќе поделат 13 милиони евра.
Победникот на Европското првенство во Франција ќе добие 8 милиони, а поразениот 4 милиони евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град