Мурињо бесен од казната кој ја доби од FA

“Срамота е што направија…”

 |  инфодеск  | 

Менаџерот на Челзи, Португалецот Хозе Мурињо е бесен што Англискиот фудбалски сојуз ко казни со 50.000 фунти и условна казна од еден натпревар суспензија.

Мурињо казната ја доби поради коментирање на судењето по поразот од Саутемптон, но и поради тоа што повеќе пати и во минатото го коментирал судењето во Премиер лигата.

“Срамота е тоа што ме казнија, а уште полошо е тоа што ми се закануваат дека еден натпревар ќе ми забранат да дојдам на клупата. Уште само требаше да ми стават електронска нараквица како на криминалците”, рекол Мурињо и додал:

“Човек  му вели на судијата дека е слаб и наивен и поминува без казна. Јас велам дека судиите имаат страв да донесат одлука во корист на Челзи и добивам казна од 50.000 фунти. Значи, зборот страв чини 50.000 фунти. Сега барем знаеме што не треба да зборуваме”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top