Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Порто веќе осигураа пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони, а оваа недела би можеле да им се придружат уште неколку клубови.
Група А
Шпанскиот првак, Атлетико Мадрид има прилика со победа против Олимпијакос да го осигура пласманот. Атлетико може понатаму и во случај на реми, но тогаш Јувентус би морал да ги испушти бодовите на гостувањето во Шведска против Малме. Олимпијакос може понатаму само со победа во Мадрид и доколку Јувентус ремизира. Секој друг расплет ја одложува одлуката за последното коло.
Група Б
Реал Мадрид го осигура понатамошниот пласман, а во среда може да го осигура и првото место во групата. За потврда на ова европскиот првак не смее да загуби во Базел со повеќе од 4 гола разлика. Базел со победа против Реал ќе го осигура понатамошниот пласман доколку Ливерпул не победи на гостувањето кај Лудогорец. Доколку Ливерпул сакаат понатаму во Лигата на шампиони мораат да ги добијат двата натпревари против Лудогорец и следната недела против Базел. Лудогорец со пораз од Ливерпул ќе се прости од ЛШ.
Група Ц
Лидерот Баер Леверкузен со бод дома против Монако ќе осигура пласман понатаму, а со победа и прво место во групата. Во вториот двобој Зенит и Бенфика ќе бркаат победа за продолжување на натпреварувањето во ЛШ. Во случај Баер да победи и нерешен резултат во С.Петерсбург, воочи последното коло Монако, Зенит и Бенфика би имале по пет бода во борбата за само едно место за осминафиналето.
Група Д
Во оваа група нема многу дилеми, освен кој ќе го освои третото место и да се пресели во Лига Европа. Борусија Дортмунд го осигура својот пласман, а во Лондон против Арсенал ќе брка еден бод за да го осигура и првото место во групата. На Арсенал еден бод ќе му осигура пласман во осминафиналето. Во вториот двобој помеѓу Андерлехт и Галата Сарај меѓусебно ќе одлучуваат за третото место. Моментално Белгијанците имаат еден бод повеќе.
Група Е
Германскиот првак Баерн го осигура првото место во групата и може мирно да ги одработи последните две кола. За второто место ќе се води голема битка помеѓу останатите три клуба, Рома, ЦСКА и Манчестер Сити. Рома со победа во Москва ќе ги исфрли ЦСКА од конкуренција, а доколку Баерн не загуби на Етихад, Италијаните ќе ја осигураат втората позиција. Сити ќе мора да ги добие Баварците или да се надева на нерешен исход во Москва за да преживее до последното коло.
Група Ф
Во оваа група познати се двата клуба за пласман во осминафиналето, а тоа се Барселона и ПСЖ. Прашањето е кој ќе биде победник во групата. Непознаница е тоа и кој ќе продолжи во Лига Европа Ајакс или Апоел. ПСЖ ќе го осигура првото место во групата со победа над Ајакс, но со реми или пораз на Барселона на Кипар.
Група Г
Единствена група во која сите четири екипи имаат шанси за понатаму. Челзи со победа во Гезенкирхен би обезбедил проаѓање, но сините одат понатаму и со еден бод доколку постигнат два гола. Шалке со победа над Челзи би бил на првото место но не че има сеуште сигурен пласман за осминафиналето. Во средбата помеѓу Спортинг и Марибор кој ќе изгуби тој и отпаѓа.
Група Х
Во оваа група Порто има сигурно осминафинале, а прво место му носи победата над Бате Борисов, и пораз или реми на Шахтјор против Атлетик Билбао. Шахтјор со реми би осигурал осминафинале, додека Бате би останал во игра само со победа против Порто при условот Атлетик да го победи Шахтјор. Атлетик Билбао нема никакви шанси за првите две места.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град