Мистерија во базенот на ОИ во Рио

Главна тема на четвртиот ден на натпреварите на ОИ во Рио е зелениот базен

 |  инфодеск  | 

Пред финалето на женските синхронизирани скокови во вода, гледачите и сите оние кои се најдоа на базенот беа сведоци како водата во базенот го менува изгледот. Двата базени биле сини, а одеднаш тој каде се одвиваше натпреварувањето во скокови позелена.

Натпреварувачките бе малку збунети, но организаторите ги уверуваа дека нема опасност по здравјето. Бразилците немале одговор во моментот што точно се случува, но подоцна експертите заклучиле дека се работи за алги кои по пат на ветар и дожд можеле да се појават во базените. Тие го “јадат”хлорот во водата и проблемот се решава со додавање хлор.

Самите алги не се опасни по здравјето, но нивната присутност може да биде погодна за развивање на бактеријата Ешерихија коли. Засега е безбедно за скокачите, но тие се побуниле бидејќи од зелената боја не го гледале дното.

Сепак натпреварувањето продолжи и златната медаља ја освоиија Кинескињите Чен Руолин и Лиу Хуиксиа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top