110 милиони евра за Суарез

Астрономска понуда за фудбалерот на Ливерпул

 |  инфодеск  | 

Мадридски Реал наводно е спремен да плати 110 милиони евра за фудбалерот на Ливерпул, Луис Суарез, тврдат медиумите во Англија и Шпанија

Доколку би се реализирал евентуалниот трансфер, ќе го надмине сегашниот рекорд за преминувањето на Герет Бејл во кралскиот клуб кој изнесуваше 100 милиони евра.

Суарез е најдобар стрелец во Премиер лигата со 29 погодоци, а медиумите тврдат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира во наредните неколку дена да прати понуда за Уругваецот.

Рела Мадрид, спрема истите извори, пред три недели му понудил на Ливерпул 85 милиони евра, но англискиот клуб тоа го одбил, и сега понудата е зголемена за 25 милиони евра.

Медиумите исто така наведуваат дека Перез се обидува да го убеди Суарез да премине во Реал нудејќи му 327.000 евра неделно, во однос на 242.000 евра кои сега ги добива во Ливерпул.

Истите извори тврдат дека за ангажманот на Суарез, Мадриѓаните мораат на трансфер листата да ги стават Мората, Коентрао и Варан, а би била отворена можноста за понуди за Касиљас, Иско, ДиМарија или Кедира.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top