Мали, но важни промени во Формула 1

До почетокот на новата сезона остануваат точно два месеци

 |  инфодеск  | 

Точно два месеци не делат од Големата награда на Австралија во Мелбурн кога започнува новата сезона на Формула 1, а октанскиот циркус ја доживеа првата промена на самиот врв односно Берни Еклстон е минато, а новиот шеф е Чејси Кери.

Во февруари екипите ќе ги претстават своите болиди и ќе тргнат со предсезонските тестирања, а додека екипите ги вршат последните припреми Меѓународната автомобилска федерација донесе одлука со која би требало на патеките да има повеќе возбудувања.

Измените се однесуваат на прописите за казните со кои возачите нема да бидат казнувани односно ќе бидат само ако тоа е очигледно.

Директорот на трките Чарли Вајтиниг и понатаму ќе ги бележи инцидентите на патеката, но сега судиите ќе имаат избор да проценат дали воопшто ќе покренат истрага за спорните ситуации.

Во Ф1 се надеваат дека со овој потег ќе се зголеми атрактивноста на трките бидејќи ќе ги поттикне возачите да се обидуваат со што повеќе претекнувања без да се грижат дека ќе бидат казнети како што беше случај минатите сезони.

Што се однесува до другите измени, новина е и тоа што нема да има одработување на казна со застанување (stop and go) или поминување (drive-through) низ боксовите туку санкциите ќе се рефлектираат во следната трка (полоша стартна позиција).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top