Мајката на Роналдо запрена на граница со полна торба пари

Полицијата морала да ја задржи 61-годишната жена

 |  инфодеск  | 

Полицијата морала да ја задржи 61-годишната жена, по професија готвачка, бидејќи од земјата сакала тајно да изнесе сума поголема од дозволените 10.000 евра.

Мариа Долорес Авеиро, мајката на најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, била запрена на мадридскиот аеродром со 55.000 евра во торба која имала намера да ги изнесе од Шпанија, пишува денешниот шпански весник El Mundo.

Мајката на напаѓачот на Реал Мадрид немала објаснување од каде е потеклото на парите па полицијата била принудена да заплени 45.000 евра, по што и било дозволено да замине во родната Португалија.

Парите ќе останат во полицијата сѐ додека Долорес Авеиро не го докаже потеклото на парите. Обидот за изнесување на наведениот износ од Шпанија не е казнено дело туку е административен прекршок па затоа не била уапсена. При превземањето на парите таа ќе мора да плати парична казна поради непочитување на закон. Извори од полицијата сметаат дека мајката на Роналдо немала сомнителни мотиви туку едноставно не го познавала законот.

Лимитот од 10.000 евра во кеш со кој е дозволено да се напушти Шпанија е воспоставен како заштита од можно перење на пари и даночна евазија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top