Листа на најдобро платени фудбалери во Премиер лигата

Вртоглави суми на просечната плата во Премиер лигата

 |  инфодеск  | 

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, е најдобро платен играч во Премиер лигата со заработка од 260.000 фунти (355.000 евра) неделно…

Руни во 2014 година потпиша петгодишен договор кој ќе му донесе 70 милиони фунти за тие пет години на Олд Трафорд. Интересно, во досегашните четири недели откако започна Премиер лигата, Руни веќе инкасирал милион фунти, а не постигна ниту еден гол.

По Руни со заработката следуваат Серхио Агуеро и Јаја Туре, а интересно е дека меѓу 10 најдобро платени фудбалери само еден е од Арсенал, наведува Daily Mail.

Но, ниту останатите играчи во Премиер лигата не мораат да се грижат за пари. Просечната плата во оваа лига изнесува 44.000 фунти или 66.000 евра.

Листата на десет најдобро платени фудбалери изгледа вака:

-Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) 260.000 фунти неделно

-Серхио Агуеро (Манчестер Сити) 240.000

-Јаја Туре (Манчестер Сити) 240.000

-Еден Азар (Челзи) 220.000

-Давид Силва (Манчестер Сити) 200.000

-Месут Озил (Арсенал) 190.000

-Рахим Стерлинг (Манчестер Сити) 180.000

-Цес Фабрегас (Челзи) 170.000

-Кевин Де Бруин (Манчестер Сити) 170.000

-Џон Тери (Челзи) 160.000

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top