Листа од најбогатите сопственици на англиските клубови

Интересно е на листата на Forbes да се види кои се меѓу најбогатите во англискиот фудбал

 |  инфодеск  | 

Во Англија не царува “socios” моделот како во Шпанија или Германија. Таму на чело на најбогатите клубови се богати Руси (Челзи), Американци (Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул) или Арапи (Манчестер Сити). Откако Forbes излезе со најновата листа на светски милијардери, интересно е да се види каде се сопствениците на клубовите од Премиер лигата.

Најбогат и најдобро позициониран на таа листа е вториот најголем акционер во Арсенал, Alisher Usmanov кој е 71-ви најбогат човек на светот. Тежок е, како што пишува Forbes, 14,4 милијарди долари. Но, оној кој има најмногу акции во Арсенал е Американецот Stan Kroenke кој е 225-ти на листата и тежи 6,3 милијарди долари.

Сопственикот на Челзи, Roman Abramovic е втор на листата најбогати сопственици во Премиер лигата. Наводно е тежок 9,1 милијарди долари и е на 137-мо место на светот.

Следниот на оваа листа е Joe Lewis, англиски бизнисмен чија компанија ENIC International Ltd држи најголем број на акции во Тотенхем. Тој е 277-ми на листата со проценка од 5,4 милијарди долари на неговото богатство.

Но, никој не знае на кое место би бил Шеикот Mansour bin Zayed Al Nahyan, кој е на чело на Abu Dhabi United Group, компанија основана кога кралското семејство од Обединетите Арапски Емирати одлучило да го превземе Манчестер Сити. Forbes не го земала во предвид на листата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top