Квитова фуриозно до втората титула на Вимблдон

Чехињата го освои Вимблдон

 |  инфодеск  | 

Чехињата Петра Квитова по втор пат ја освои титулата на Вимблдон со победа над Јуџин Бушар со резултат од 6-3, 6-0

Квитова одигра феноменален меч против младата Бушар и го повтори успехот од 2011 година кога го освои првиот пехар на терените на Вимблдон.

Канаѓанката не успеа да ја повтори играта од претходниот дел на годината, бидејќи беше потполно под трема поради фактот дека игра прво финале на Грен слем.

Ова беше втор меѓусебен дуел на овие две тенисерки и втор убедлив триумф на Квитова. Чехињата славеше и во претходниот дуел со 6-3, 6-2 минатата година во Торонто.

Во финалето во машка конкоренција ќе играат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, а тој меч се игра во недела.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top