Го купија за 25 топки, а го продадоа за 35 милиони евра

Санчез е продаден на германскиот првак за 35 милиони евра, а отштетата може да се искачи до 80 милиони

 |  инфодеск  | 

Колку е важно, односно пресудно, во клубот да се има врвен скаут сведочи денес примерот на 18 годишниот Ренато Санчез, новата ѕвезда на фудбалското небо.

Имено, последните денови често во јавноста можеше да се чуе дека Баерн направил извонредна работа кога во мај потпиша петгодишен договор со Санчез, меѓутоа малку кој истакна колку тука профитирала Бенфика.

Скаутите на тој португалски клуб во Санчез препознале талент кога имал само девет години и од локалниот клуб Агиас да Мискуере на Луж го довеле за само 750 евра и 25 фудбалски топки.

Девет години подоцна Санчез е продаден на германскиот првак за 35 милиони евра, со акцент дека отштетата може да се искачи на дури 80 милиони евра во зависност од неговите лични достигнувања, односно на Баерн сѐ додека го носи нивниот дрес.

Да потсетиме, за Санчез беа многу заинтересирани и Манчестер Јунајтед , но и стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Санчез вчера го постигна израмнувачкиот гол против Полска и стана трет најмлад стрелец во историјата на европските првенства, односно најмлад ако гледаме само на натпреварите во нокаут фазата на натпреварувањето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top