• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Кои се воопшто “разбојниците” од Исланд чиј помошник селектор е стоматолог

Кои се воопшто “разбојниците” од Исланд чиј помошник селектор е стоматолог

Сите заедно вредат околу 40 милиони евра или една нога на француската ѕвезда Пол Погба

 |  инфодеск  | 

Борбената екипа од островот Исланд е направена од анонимни фудбалери кои заедно вредат 40 милиони евра или една нога од ѕвездата на Франција Пол Погба и во Франција не знае за пораз во четири натпревари, а победата над Англија спаѓа во најголемите сензации на европските првенства.

Размазените англиски милионери и светски селебрити, кои по сломот во Ница веќе се упатија кон СенТропе, Бахамите и Ибица, ги разбија типови кои по Европското првенство во Исланд ќе помагаат на семејните фарми (Бјарнасон), ќе одработуваат смена на бензиска пумпа (Хјартарсон) или ќе се посветат на својата стоматолошка ординација како што тоа ќе го стори помошникот селектор Халгримсон.

Вистината е дека ниту еден од исландските репрезентативци не игра во исландската лига. Поголемиот број од нив се распоредени во Данска, Норвешка, Шведска и во третолигаши по Европа.

Тајната на успехот на овие играчи се крие во менталитетот кои им дава крила кога играат меѓународни натпревари. Немаат комплекси ниту пред најголемите противници, ги носи националниот набој, играат машки, а при тоа се извонредно водени, а сега воопшто не се скромни – сега се уверени дека се подобри и од Французите и дека ќе бидат европски прваци.

Во Исланд во недела има претседателски избори, но играчите велат дека нивниот претседател е шведскиот селектор Ларс Лагербек кој се најде во голема неволја бидејќи 12 негови репрезентативци заминале за Париз на забава каде нема воопшто да се трезнат и може да се замисли какви ќе се вратат во понеделник.

Интересно е да се напомене дека најталентираните исландски играчи со 16 години заминуваат во академиите на европските клубови каде и се формираа повеќето херои на ова Еуро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top