Спрема пишувањата на англиските медиуми новата цел е играчот за врска на Челзи, Бразилецот Оскар, кој би требало да се пресели во Јиангсу Сунинг и тоа за неверојатни 75 милиони евра.
Сопствениците на Јиангсу Сунинг прво понудиле 50 милиони евра, но сините тоа го одбиле. Сега се чека одговор за новата понуда.
Јиангсу Сунинг оваа зима веќе потроши 86 милиони евра на тројца играчи. Од Шахтјор за 50 милиони го донесоа Алекс Тешеира, од Челзи Рамиреш за 30 милиони, додека за Чао Гуа платиле 8 милиони евра од ХЗ Гринтаун.
“Верувам дека челниците на европските клубови стануваат сѐ позагижени. Кина сѐ посериозно влегува во светот на фудбалот и бара потврда на фудбалскиот пазар. Само неколку клубови ќе можат да ги следат кинеските понуди”, рекол менаџерот на Челзи, Гус Хидинк.
Пред неколку дена во Кина се пресели и колумбискиот напаѓач Џексон Мартинез кој премина од Атлетико Мадрид во Гуангжо Евергранде за 42 милиони евра. Оваа зима во Кина пристигна и репрезентативецот на Брегот на Слонова коска, Жервињо, кој ја напушти Рома и кариерата ќе ја продолжи во новиот прволигаш Хебеи Кина Фортун. Вредноста на трансферот не е официјално објавена но медиумите нагаѓаат дека Рома ќе добие 15 милиони евра отштета. Сериа А неодамна ја напушти и Колумбиецот Фреди Гуарин селејќи се од Интер во Шангај Шенхуа за 15 милиони евра.
Имено, во Кина играат и Бразилците Робињо и Паулињо, Австралиецот Тим Кејхил, Сенегалецот Демба Ба, Камерунецот Стефан М’биа, Италијанецот Амаури, репрезентативецот на Мали Мохамед Сисоко, капитенот на Гана Асамоа Гијан…
Кина стана ветена земја и за бројни угледни тренери. Поранешниот бразилски селектор Луис Фелипе Сколари го води Гуангжоу Евергранде Таобао, а неговиот сонародник Мано Менезес е на клупата на Шандонг Луненг Таишан. Поранешниот селектор на Англија Свен-Горан Ериксон е шеф на стручниот штаб на Шангај СИПГ, екс тренерот на Јувентус, Милан и Интер Алберто Закерони го води Пекинг Гуоан, додека екс тренерот на Атлетико Мадрид Грегорио Манцано го тренира Шангај Гринланд Шенхуа.
За кинеските клубови преодниот рок завршува на 26 февруари па не би било големо чудо ако во следните денови не се случи уште некој трансфер.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град