Еве како Мурињо ги мотивирал на полувреме своите играчи

Уште една мајсторија на Мурињо

 |  инфодеск  | 

Португалскиот стратег очигледно има многу начини за мотивација на своите играчи. Првото полувреме на гостувањето кај Фулам заврши без голови, а во продолжението „експлодира“ Андре Шурле со хет-трик и победа на Челзи од 3-1.

Хозе Мурињо бил изразито незадоволен од претставата во првиот дел, па своите играчи решил да ги казни со молчење.

Обично по завршување на првото полувреме на играчите им давам две до три минути да пристигнат во соблекувалната, да ја променат опремата, а потоа почнувам со мојот говор. Против Фулам играчите беа спремни за мојот говор, но јас не бев спремен за нив. Одлучив ништо да не кажам. Да почнев да зборувам немаше да ми бидат доволни десет минути и затоа одлучив да молчам и ништо да не кажам за нивната игра“, го објаснил својот потез Мурињо.

Држам до тоа дека моите играчи покажаа голема интелегенција. Понекогаш можеш да ги прочиташ мислите на некои личности и без зборови. Мислам дека моите играчи ја разбраа пораката дека одиграа страшно лошо полувреме, па тоа го трансформираа во фантастично второ полувреме“, додал Мурињо.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top