Не така одамна во 2003 година неколку навивачи на Унион, клуб од негогашниот источен Берлин, се разделиле без да си честитаат Божик. Повторно се собрале по неколку години и одлучиле да испеат божиќни песни на стадионот. По неколку години на An der Alten Forsterai стадионот пееле преку 20.000 навивачи со фамилиите, а така било и минатата вечер.
Германскиот второлигаш е еден од оние клубови кои го носат навивачите и кој му пркоси на модерниот фудбал. Навивачите веќе еднаш го спасија клубот со масовно продавање на крв, а потоа собирале пари па сами го изградиле и обновиле стадионот.
Минатата ноќ 27.500 навивачи уште еднаш 90 минути пееја божиќни песни, одморот траел 15 минути, а целата оваа слика го обиколува светот. Приказната за берлинскиот Унион е една од романтичните какви што денес се ретки кога ќе се спојат фудбалскиот и божиќниот дух, а тоа можете да го погледнете во видеото подолу.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град