Да се потсетиме, воочи финалето на купот на Италија, хулиганите на Наполи и Фиорентина меѓусебно се степале на улиците на Рим, а ја напаѓале и полицијата која безуспешно се обидувала тоа да го спречи.
Паниката настанала кога се појавила информација дека четворица навивачи на Наполи се застрелани. Поради тоа е уапсен екс лидерот на навивачите на Рома, Данеле Де Сантис, кого полицијата го обвини и објави дека било дело на осамен лудак и во тоа не учествувале навивачите на Рома.
Еднакво внимание за италијанскат јавност првлече и Џенаро Ди Томазо и фактот дека токму тој се прашуваше дали ќе се игра финалето.
„Злосторникот Џени“ експресно добил забрана од пет години да присуствува на стадионите низ Италија. Три години добил поради маичката која ја носел со натписот „Speciale Libero” барајќи слобода за навивач на Катанија кој се сомничи дека во 2007 година усмртил полициски инспектор, и две години поради тоа што влегол на теренот.
Татко му на Томазо е познат мафијаш од кланот Камора, а тој сам ја предводи групата под името Mastiffs.
Навивачите на Наполи се огорчени, бидејќи сметаат дека против нив се води хајка. Адвокатот, Лоренцо Контучи, кој го застапува Томазо потсетува дека Италија е слободна земја и дека секој има право на свое мислење, па дури и ако се бара слобода за некој што извршил убиство на полициски инспектор. И адвокатот смета дека тој е невин, иако извршува казна затвор од осум години.
Медиумите откриваат што зборувале Томазо и капитенот на Наполи, Марек Хамшик, пред почетокот на натпреварот кој доцнеше токму поради тој разговор. Хамшик добил неблагодарна задача да му објасни на Томазо дека нивниот колега кој бил застрелан не е мртов, но дека е во критична состојба.
„Ако беше мртов немаше да играме, но гарантираат дека не е“, му рекол Хамшик на Томазо, кој бил зад заштитната ограда а подоцна влегол и на теренот.
„Не верувај на изјавите на полицијата. Не се шегувам, го убија“, возвратил Томазо.
„Се колнам со својот образ. Двајца се ранети и животите не им се во опасност. Нападот нема врска со навивачите, некои други причини се во прашање“, продолжил Хамшик.
Ди Томазо на ова попуштил, сигнализирајќи дека натпреварот може да почне, но пред тоа во мафијашки стил му порачал на капитенот: „Во ред. Ако ти го вложуваш својот образ, го вложувам и јас својот. Но, сите знаеме кои сме…и каде сме“.
Случајно или не, токму Хамшик беше првиот играч кој Бенитез го замени по еден час игра. Но немало закани само за Хамшик, на адресите на неколку италијански медиуми стигнале фотографии со лидерот на навивачите на Наполи и чаура од куршум.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град