Имотот и сметките на Нејмар блокирани

Фудбалерот на Барселона преживува вистинска драма

 |  инфодеск  | 

Бразилските власти од Нејмар побаруваат 15 милиони евра данок кои ги затаил од 2011 до 2013 година, пишуваат бразилските и шпанските медиуми.

На бразилскиот најдобар фудбалер му се блокирани имотот и сметките поради истрага за трансферот од Сантош во Барселона.

Да потсетиме, каталонскиот клуб тврдеше дека вредноста на трансферот на Нејмар од Сантош во Барселона изнесувал 57 милиони евра, но подоцна се откри дека вкупниот износ од трансферот е далеку поголем, односно дека изнесува 86 милиони евра што значи дека Барселона го оштетила државниот буџет за 9 милиони евра данок. Исто така, спорен е периодот од 2011 до 2013 година.

Во документите кои ги објавија шпанските медиуми се покажа дека Барселона, освен на Нејмар и Сантош, голема сума на пари уплатила и на родителите на Нејмар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top