• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Играч кој нема клуб ја надмудри една од најскапите репрезентации

Играч кој нема клуб ја надмудри една од најскапите репрезентации

“Не треба да се плашиме од своите сништа…”

 |  инфодеск  | 

Велс сензационално ја елиминира Белгија со 3-1 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Тоа е прв пат по 1992 година дебитант на Еуро да влезе помеѓу четирите најдобри репрезентации, каде ги чека Португалија.

“Не треба да се плашиме од своите сништа. Пред четири години бев многу далеку од сето ова, подалеку од што можете да замислите. Имав повеќе неуспеси од успеси, но не се плашев од неуспеси. Ова го заслуживме”, славенички изјави селекторот Крис Колман.

Извонреден гол за водство на Велс постигна Хал Робсон Кану, играч кој моментално нема клуб, а со постигнување на водечкиот гол надмудри четворица одбранбени играчи на една од најскапите репрезентации на Еуро.

“Ова е одлично. На ова работевме изминатите шест-седум години. Нивното водство воопшто не не изненади, но знаевме како да играме против нив. Добро одговоривме и направивме пресврт. Сега ќе прославиме, а потоа се спремаме за полуфинале”, изјави Робсон Кану.

Во стрелците се запиша и капитенот Ешли Вилијамс.

“Среќен сум, не давам често голови. Навивачите денес беа извонредни и се надевам дека уживаа сите кои дома го следеа натпреварот. Покажавме дека сме екипа со карактер”, изјави Вилијамс.

Велс во полуфиналето ќе биде ослабен со неиграњето на одличниот играч за врска на Арсенал, Арон Ремзи и одбранбениот Бен Дејвис. Двајцата нема да играат поради жолтите картони.

Интересна изјава даде голманот на Белгија Тибо Куртоа кој беше еден од најзаслужните што Велс не победи поуверливо.

“Беше како против Италија. Истата тактика истите проблеми. Ова е најголемо разочарување во мојата кариера. Имавме голема шанса да поминеме до финале”, изјави Куртоа кој очигледно виновникот го гледа во селекторот Марк Вилмотс.

Селекторот на Белгија одговорноста ја превзеде на себе, а главната причина бидејќи играше со млада и неуиграна одбрана.

“Имавме несреќа пред првенството да бидат повредени Компани и Ломбертс, а на тренингот останавме и без мудрата глава на Вертонген. Можеби младите беа инпресионирани од одговорноста, но за тоа сум јас виновен. Игравме добро на отворањето на двете полувремиња, доминиравме, а потоа необјасниво паднавме против одличната екипа на Велс. Јас не сум маѓепсник”, заклучил Вилмотс.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top