Идниот број еден во светот на тенисот Nick Kyrgios?

Сите согласни дека момчето од Австралија е потенцијален број еден

 |  инфодеск  | 

Причината за која не се зборува за поразот на Nadal, во осминафиналето на Wimbledon, е момчето од другата страна на мрежата Nick Kyrgios за кој сите се согласни дека би можел да биде број 1 во светот на тенисот.

Nick  доаѓа од мешан брак – татко му е Грк, а мајка му Малезијка. До 14 години играл кошарка, но тогаш одлучил да се сконцентрира на тенисот. Одлуката која ја донесол била правата, а овогодишниот Wimbledon Nick ќе го запамети како место каде се пробил до ѕвездите. Во првата рунда го совлада Robber, потоа дојде моментот за првиот подвиг совладувајќи го Richard Gasquet со девет спасени меч топки, а потоа и победата над леворакиот Jiri Vesely.

Kyrgios е награден со меч на централниот терен со првиот тенисер во светот, потполно растеретен. Nick одигра брилијантен меч и приреди сензација. Го бомбардираше Nadal со сервиси, но не е во прашање само сила, туку и добро одбирање на страните – Шпанецот низ целиот меч не успеваше да прочита каде ќе оди топчето кое го удира 144 рангираниот тенисер.

Сепак, покрај добрите потези и удари во мечот со Nadal, публиката беше инпресионирана со неговата ладнокрвност и харизма. Со еден збор, ги натерал луѓето да се заинтересираат за ова ново момче, што на светскиот тенис некое време му недостасува, а често е насмеан и комуникативен со навивачите на социјалните мрежи.

Kyrgios  навистина делува како потенцијал за топ 5, но и во минатото имало момци кои ќе заблескаат па потоа не ги достигнале висините, кои во општа еуфорија биле предвидувани. На ова предупредил и самиот Nadal по мечот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top