Иднината на фудбалот на коцка

Дали е Арсен Венгер во право?

 |  инфодеск  | 

Манчестер Сити е казнет од УЕФА со 60 милиони евра поради трошење над своите можности. Следната сезона за Лигата на шампиони ќе може да пријави 21 фудбалер наместо 25. Веројатно слична казна ќе добие и ПСЖ.

Со финансискиот фер-плеј УЕФА почна во 2011 година, а пред крајот на оваа сезона најдетално истражуваат дваесетина клубови.

Арсен Венгер одамна предупредуваше и на случајот за концесија на стадионот Етихад, каде се верува дека сумата е преплатена.

“Се поставува правото прашање за веродостојноста на финансискиот фер-плеј. Ситуацијата околу Сити ни праќа порака дека тие можат да добијат што сакаат. Спонзорствата не можат да се дуплираат или утростручат. Платини не е глуп, знае дека некои клубови ќе ги заобиколат прописите и ова е ситуација каде финансискиот фер-плеј е на коцка”, рекол менаџерот на Арсенал.

Бешикташ и Бурсаспор беа први жртви на финансискиот фер-плеј. Поради долгови не смееа да играат во европските натпеварувања. УЕФА сака со фер-плејот да го поттикне позитивното финансиско работење на клубовите затоа што, пред воведувањето на фер-плејот, Интер за време на Морати запишал преку една милијарда евра во загуба. Моментално меѓу ретките европски клубови со позитивно финансиско работење се Удинезе, Катанија, Лацио и Наполи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top