Ибрахимовиќ влезе во историјата

Втор фудбалер на кого тоа му успеало во кариерата

 |  инфодеск  | 

Напаѓачот на шведската репрезентација и на францускиот првак ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, стана втор фудбалер во историјата кој во текот на својата кариера постигнувал голови во секоја минута од натпреварот.

Во неодамнешниот пријателски натпревар против Естонија постигна два гола за репрезентацијата, а вториот погодок го постигна во 24 минута и така го комплетира својот неверојатен статистички податок.

Ибрахимовиќ за време на својата кариера постигнал 369 голови за ПСЖ, Барселона, Милан, Интер, Јувентус и Ајакс, а интересно е тоа дека најмногу погаѓал во судиското надополнување (90+), дури 25 голови. Девет голови погодил во 64 минута а по седум голови во 62, 72 и 82 минута.

Освен Ибрахимовиќ тоа му успеало уште само на Кристијано Роналдо. На Португалецот повеќе од една година му недостасуваше само гол во седмата минута, а тоа го направи во февруари оваа година постигнувајќи гол против Атлетик Билбао.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top