Ибрахимовиќ е невозможна мисија

Мурињо во интервју за француска телевизија

 |  инфодеск  | 

Харизматичниот Хозе Мурињо во интервју за фаранцуска телевизија говорел за потенцијалното доаѓање на Ибрахимовиќ во својот Челзи.

-Дали би тренирале некој тим во Франција?

„Пред се, среќен сум во Англија. Во тимот кој за мене значи многу повеќе од обичен тим. Со Челзи имам посебен однос. Ова е проект кој многу го сакам. Би можел во иднина да работам во Франција, зошто да не. Меѓутоа, Le Championnat не е исто што и Премиер лига. Таму уште на почеток на сезоната можете да знаете кој ќе биде прв, а кој втор. Моментално ми е потребна поголема возбуда од тоа“.

Дали ПСЖ ви понудил работа?

„Не сум примил никаква службена понуда. Бев почестен кога сопственикот ме повика во неговиот дом во Катар, а тоа беше пред да го купи ПСЖ. Го почитувам таквиот однос, но тогаш на сите им реков дека после Реал сакам да се вратам во Англија.

Златан во Челзи?

„Тоа е невозможна мисија и сосем друга тема, за која не сакам да разговарам. Тој е среќен во Париз, а тоа го знам затоа што сме пријатели и сме во контакт. Тоа едноставно е невозможна мисија“.

– Замена Еден Хазард и Едисон Кавани?

„Не, Еден е наше момче. Тоа е играч кој сакаме да го задржиме во клубот следните 10 години и околу него да го изградиме големиот тим. Тој е играч со фудбалски стил каков што бараме и каков што му треба на клубот“.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top