Хулигани дивеат по Европа

Пресметки помеѓу Швајцарци и Англичани, Холанѓани и Белгијанци

 |  инфодеск  | 

Сезоната на европските натпреварувања, помеѓу другото, е одбележана со хулигански пресметки и испади.

Сѐ почна веќе во првото коло од Лигата на шампиони кога хулиганите на Рома со ножеви избодеја двајца навивачи на московска ЦСКА, а овие возвратија со дивеење на Олимпико за време на натпреварот. Ракети летаа од сите страни, а полицијата со крајни напори ја спречила пресметката на домашните и гостинските навивачи.

Но, Уефа немаше милост туку брутално ја казни ЦСКА со три натпревари играње без гледачи. Рускоит клуб е казнет и со 200.000 евра глоба. Освен за дивеењето, Уефа ја казни ЦСКА и поради расистички пораки и скандирање. Во нередите кои ги предизвикаа руските навивачи повредени се 13 редари и 4 полицајци, а следните два натпревари на ЦСКА ќе бидат без навивачи и приходи иако им гостуваат атрактивни противници како Манчестер Сити и Рома.

Поради нереди на навивачи, Уефа покрена дисциплински постапки и против Галата Сарај, Стандард, Феенорд, Базел и Борусија Дортмунд.

Турските хулигани искршиле 100-тина столчиња на стадионот на Арсенал. Пред натпреварот со ракети ги нападнале домашните навивачи во еден паб, а потоа со палење на ракети продолжиле и на Емирати каде го прекрија теренот со оган.

Во Базел на еден од градските плоштади се случи пресметка со навивачи на Ливерпул, за што има и видео докази. Сето ова се случи во првите две кола од најелитното натпреварување.

Многу помирно не беше ни во Ротердам на натпреварот од Европската лига помеѓу Феенорд и Стандард. По вербалните пресметки помеѓу навивачите, Холанѓаните тргнаа кон кафезот на гостите, ја разбиле оградата и тргнале во пресметка. Редарите не успеале да ја исконтролираат ситуацијата а морала да интервенира полицијата со палки за да ги натера навивачите на Стандард да се вратат во оградениот простор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top