Најбрзиот човек во историјата, Усеин Болт го комплетираше совршениот настап на Олимписките игри во Рио со златниот медал и во штафетата 4х100 метри.
Неверојатниот Болт така, по златото на 100 и 200 метри, во Рио стигна и до третото најсјајно одличје. Ова е деветто олимписко злато за Болт по што се израмни со легендарниот Американец Карл Луис, кој исто така има освоено девет златни медали на Игрите, но има и три во скок во далечина. Болт со ова на најдобар можен начин стави крај на својата олимписки кариера.
Во штафетната трка 4х100, Болт трчаше последен во штафетата на Јамајка, составена од Асафа Пауел, Јохан Блејк и Никел Ашмеда, а заврши на првото место со време од 37,27 секунди.
Сензација приреди штафетата на Јапонија која се време од 37,60 секунди освои сребро и заврши пред САД, кои трчаа со време од 37,62 во состав Роџерс, Гетлин, Геј и Бромел.
Сепак, на Американците дополнително им беше одземен медалот бидејќи Мајкл Роџерс и Џастин Гетлин извршија предавање на штафетната палка надвор од „зоната за размена“, и бронзата замина во рацете на Канаѓаните кои истрчаа со време од 37,64 секунди.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град