На Луис Хамилтон ова му е трета пол позиција оваа сезона и вкупно 34-та во кариерата со што го сруши британскиот рекорд на Џими Кларк, а пред него во оваа статистичка категорија останаа само Михаел Шумахер (68), Аиртон Сена (65) и Себастијан Фетел (45).
Квалификациите во Кина се одржаа во дождливи временски услови, но на Хамилтон тоа не му пречеше. Во третата квалификациона рунда го помина кругот за 1,53.860 и за повеќе од половина секунда го надмина Даниел Рикардо од Ред Бул. И вториот стартен ред е резервиран за возачот на Мерцедес Нико Розберг, но пред него ќе стартува актуелниот светски првак Себастијан Фетел.
Лош ден имаше Мекларен чии возачи не успаеаа да се палсираат во завршната рунда на квалификациите.
Трката за Големата награда на Кина ќе се вози во недела со почеток во 9 часот по средноевропско време, а конечниот пласман за стартот е следен:
1. Lewis Hamilton (Mercedes) 1:53.860
2. Daniel Ricciardo (Red Bull-Renault) +0.595
3. Sebastian Vettel (Red Bull-Renault) +1.100
4. Nico Rosberg (Mercedes) +1.283
5. Fernando Alonso (Ferrari) +1.777
6. Felipe Massa (Williams-Mercedes) +2.287
7. Valtteri Bottas (Williams-Mercedes) +2.422
8. Nico Hülkenberg (Force India-Mercedes) +2.506
9. Jean-Eric Vergne (Toro Rosso-Renault) +2.913
10. Romain Grosjean (Lotus-Renault) +3.219
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град