Гвардиола го напушта Баерн Минхен

Баерн Минхен во потрага по нов тренер

 |  инфодеск  | 

Пеп Гвардиола го напушта Баерн Минхен на крајот од сезоната и ќе го превземе Манчестер Сити, е ексклузивната информација која ја донесува каталонскиот El Mundo Deportivo во денешното издание.

Спрема информациите на овој дневник, Гвардиола веќе потпишал договор со Манчестер Сити овој четврток. Сеуште не се познати деталите на договорот, но Гвардиола спрема наводите на каталонскиот дневник би требало да остане во Минхен до крајот на сезоната.

Целата операција ја одработиле Чики Бегиристајн и Феран Сориано, поранешни блиски соработници и пријатели на Гвардиола во времето додека ја водеше Барселона, а денес главни луѓе на граѓаните по прашање на трансфери.

Веста за договорот на Гвардиола за потпишување со Манчестер Сити се поклопи со изјавата на првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, дека во баварскиот гигант “никој не е недопирлив”. Румениге во прв ред мислел на Гвардиола најавувајќи дека каталонскиот тренер ќе се состане со претставниците на Манчестер Сити.

“Тоа е нормален животен циклус. Играчите доаѓаат и си одат, истото важи и за тренерите. Јас сум опуштен, ако Гвардиола не биде тренер на Баерн ќе биде некој друг голем експерт. Мораме да бидеме стрпливи и да видиме што ќе се случи. Нема проблеми”, рекол Румениге во изјава за Gazzeto dello Sport.

Во Баерн веќе тргнале по потрага по нов тренер, а предност ќе имаат наводно тренери од германското говорно подрачје. Меѓутоа, германските медиуми шпекулираат дека Баерн веќе преговара со Карло Анчелоти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top