Голем автогол на Уефа поради последната одлука

Не е важно дека тоа е Турција и не е важно тоа што турската репрезентација беше на Еуро

 |  инфодеск  | 

Турција е бесна, а разочараност владее и многу пошироко. Уефа го одбила предлогот пред вечеаршниот натпревар помеѓу Полска и Португалија да се оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад во Истанбул со една минута молчење. Спрема последните податоци, во нападот на бобашите самоубијци се убиени 41 лице од кои 13 биле од други националности, а стотина се ранети.

Но, Уефа смета дека тоа не е причина за минута молк пред натпреварот во првото четвртфинале. Објаснувањето зошто е одбиен овој предлог е повеќе од бизарно.

“Уефа  ваква почит оддава кога настанот е поврзан со фудбалот, земјата домаќин или држава чија репрезентација е сеуште на Еуро”.

Значи, не е важно дека тоа е Турција и не е важно тоа што турската репрезентација беше на Еуро и дека испадна во првата фаза?

Секако дека многумина го исмеале овој потег на европската фудбалска организација, бидејќи навистина делува помалку расистички. Може да се замисли нападот наместо во Истанбул да се случеше во Лондон, а Англија испадна од Еуро…

Лицемерието на Уефа понекогаш не познава граници, но притоа никој не е зачуден од тоа.

За разлика од нив, Англичаните одлучија да запалат илјадници црвени сијалички над Вембли во знак на поддршка на Турција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top