30 години од големата фудбалска трагедија

29 мај е денот кога се одбележува 30 годишнина од трагедијата на Хејсел

 |  инфодеск  | 

Овој петок, 29 мај, се одбележува 30 годишнина од трагедијата на Хејсел во Брисел кога во очи на финалето помеѓу Ливерпул и Јувентус загинаа 39 лица, повеќето навивачи на Јувентус.
Иако по бројот на жртвите не е најголема таква несреќа, Хејсел е синоним за фудбалски трагедии, а и покрај случувањата на стадионот, натпреварот е одигран, а Јувентус предводен од Мишел Платини славеше со 1-0.
До конфликтот на навивачите на Јувентус и Ливерпул дојде на улиците на Брисел, а тепачките продолжија и на самиот стадион. Се смета дека до инцидентот дошло поради освета на навивачите на Ливерпул кои една година порано во Рим настрадале во нападите на навивачите на Рома. Една цела година се ширеа гласини дека хулиганите на Ливерпул спремаат освета за римските случувања. За жал гласините станаа реалност.
Англиските хулигани прво со шишиња и ракети ги нападнаа противничките навивачи. Конфликтот ескалираше кога група на навивачи на Ливерпул ја прескокнаа и ја пробија оградата. Бегајќи пред нив, навивачите на Јувентус се најдоа потиснати на надворешниот ѕид од стадионот, кој под нивната тежина попушти и се сруши. Загинаа 39 лица, меѓу нив и 32 Италијанци, а повеќе од 500 беа повредени. Во исто време, на другата страна од стадионот навивачите на Јувентус тргнаа во одмазда во и се судрија со полицијата која им го попречи патот. Конфликтот траеше повеќе од два часа, а дури потоа натпреварот започна.
За тоа што се случуваше тој ден на 29 мај 1985 година не беше одговорен никој, барем кога е во прашање организаторот, УЕФА, полицијата или луѓето задолжени за безбедноста на стадионот. Англиските хулигани се прогласени за најголеми виновници, а англиските клубови добија забрана за натпреварување во натпреварувањата на УЕФА во следните три години, а Ливерпул пет. Како што стигнуваа вести за дивеењето на хулиганите во Англија, така и казната беше продолжувана, така што англиските клубови повторно беа вклучени во натпреварувањата на УЕФА во сезоната 1990/91.
Англиските медиуми трагедијата на Хејсел ја нарекоа “Ден кога фудбалот е мртов”, а тогашната премиерка Маргрет Тачер тргна во војна против хулиганите. Казните беа драстично зголемени, затворот за хулигански испади беше по автоматизам, полицијата доби поголеми овластувања, а следеа и забрани за посета на натпревари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top