Актуелниот менаџер на Челзи, португалецот Хозе Мурињо се сомничи дека во завршницата на мечот од првото колу на Премиер лигата помеѓу Челзи и Свонси (2-2) со сексистички зборови ја навредил Ева Карниеро која втрча на теренот за да му помогне на Еден Азар. Мурињо по натпреварот изјави дека неговата докторка не го разбира фудбалот и дека нејзиниот потег е непрофесионален.
По тој инцидент Карниеро е отстранета од својата должност и не се врати во ниеден момент, а воедно поднесе и тужба против Мурињо откако се советувала со својот адвокат.
Во доказниот материјал може да се види и да се чуе како Мурињо во правец кон својата физиотерапевтка ги упатува зборовите “filha de puta (кур…ќерко)”. Со ова Мурињо ја прекршил ставката Е3 од правилникот на FA спрема кој е казниво користењето на навредливи имиња кон други лица.
Доколку се докаже дека навистина били овие зборови упатени кон Каниеро, FA ќе го казни Португалецот кој би можел да добие минимална казна од 5 натпревари суспензија.
За тој инцидент и целата сапуница потоа, Мурињо не сака ниту да чуе повеќе и за таков вид на прашања кога некој новинар ќе ги постави, тој му упатува ладен поглед и му одговара со “одиме понатаму”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град